Browsing: ВЕСТИ

Претседателот Иванов пред жителите на Жировница ја претстави својата изборна програма и посочувајќи дека се што беше ветено пред пет години е доследно реализирано, ја побара довербата за нов петгодишен мандат

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска беше во посета на струмичкиот регион, со граѓаните на населеното место Пиперево. Земјоделците зборуваа за земјоделската тешка работа и лошите услови во кои работат

Мојот концепт е да се обратам кај секој граѓанин без разлика на етничката и партиската припадност. Нема мои и твои , бидејќи еден против друг ако се завртиме ќе ја нема Македонија. Јас нема да бидам ничиј чирак, рече Пендаровски

Општествените реформи помеѓу кои легализирање на марихуаната, абортусот и истополовите бракови, му го донесоа на Уругвај епитетот „држава на годината“, а го зголемија процентот на среќа без никакви финансиски трошоци

Од каде го црпи правото Агенцијата да се става над Законот и над Собранието како највисок законодавен орган во Р.Македонија што го донел овој Изборен законик и од каде право на Агенцијата произволно да го толкува Изборниот законик?, прашува ВМРО-НП

Каква шапка и да ви понудат, земете ја, ставете ја на глава, но никако не менувајте го тоа што ви е во главата. Никако не менувајте го своето мислење и на 13 и на 27 април излезете и гласајте според сопственото убедување – порача Јакимовски

Илјадници граѓани се собраа вечерва на плоштадот „Пела“ во Скопје за да му дадат поддршка на СДСМ и на коалицијата, кои на големиот собир ги претставија кандидатите за пратеници и својот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.

Иванов рече дека “насекаде во Македонија граѓаните имаат исти потреби. Од Куманово до Гевгелија, од Струга до Берово, и во Скопје и во Гостивар, граѓаните сакаат подобар живот. Граѓаните сакаат иднина за своите деца. Пред се сакаат вработување за младите”.