Browsing: ВЕСТИ

Илјадници луѓе се обидуваат денеска да дојдат до местата со ретките летови кои полетуваат од областите на Филипините најтешко погодени од тајфунот Хаијан, меѓу преживеаните бес и очај поради многу бавното пристигнување на помошта

Циклонот Теодор стигна во Хрватска и загрози три животи. Снег падна на Сљемен, Завижан и врвот Учка. Силата на бурата достигнува до 220 километри на час, па автопатиштата се затворени, уништени се многу згради

Потребни се црковни статуси адаптирани на австралиското законодавство и потребен е постојан митрополит за да се решаваат проблемите. Ова се дел од темите на разговорот со Претседателот на здружението на црковните заедницици од Австралија, Игор Аврамовски Александров.

Дебата на Рамадан Рамадани, колумнист и Мухамед Зекири, новинар: За линчот и хајките кон нив на социјалните мрежи но и од ДУИ; за плановите на Ахмети за именување заеднички претседателски кандидат на ДУИ со власта или со опозицијата

Сторија на Ал Џазира: Појавата на шугата кај двајца ученици во едно основно училиште во белградската населба Земунско поле предизвика бурни реакции кај жителите. Протестирајќи во средината на населбата, неколку стотина луѓе за заразата го обвинија Ромите од тој крај.

Симеон Попов, бугарски студент, за НОВА зборува од каде иницијативата за протестите на студентите во Бугарија, за идејата и посакуваниот резултат од нив, за одговорот на премиерот Орешарски на нивните барања

Тито Петковски лидер на НСДП во интервју за НОВА: За односите со Груевски, вели дека не би се изненадил и тој да биде уапсен, говори за партиските калкулации за идниот претседател на Р.Македонија

Асмир Беговиќ на 2 ноември 2013, во натпреварот на својата екипа Стоук, против Саутемптон кој заврши 1-1, уште во првата минута постигна погодок „од гол на гол“; прв на вечната листа е Рожеиро Сени, кој има постигнато неверојатни 112 погодоци во својата кариера