Browsing: ВЕСТИ
Според ДИК од досега преброените 61% од гласовите на предвремените парламентарни избори 42,29% од гласовите освоила коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, додека за опозиционата СДСМ гласале 22,93% од гласачите
Конечните резултати соопштени од Огранокот на ДУИ во Гостивар, ја потврдуваат убедливата победа на оваа партија во Гостивар. ДУИ освоил 12.503 гласови, ДПА – 4.479 и НДП – 6.159 гласови
Садије Илјази од ДПА беше првата,од албанската опозициска партија, што излезе пред јавноста после завршувањето на денешниот изборен процес.Таа нагласи дека изборите биле проследени со многу неправилности и дека тие очекуваат добар резултат
Се уште ги броиме гласовите, но првите податоци велат дека сме пред една историска победа на ДУИ, каков што не е запаметен во овие простори, со 150 илјади гласови
Водиме најмалку со 2 спрема 1 а на некои избирачки места таа разлика во наша корист е и 4 спрема 1, изјави Бујарм Османи од ДУИ
Се уште е рано да се дадат било какви резултатите, но првичните информации зборуваат дека сме во предност над ДПА, во сооднос 3 со 1. Очекуваме конкретни резултати во текот на ноќта каде за резултатите ќе се обрати и лидерот Али Ахмети, истакна Бујар Османи
Во изјава за медиумите Османи соопшти дека на највисокиот орган на партијата ке и биде предложена одлука, овие избори да не ги признае. Тој најави дека ке се обратат и до Советот на Европа да не ги признае овие избори во Македонија
Државната изборна комисија ги објавува резултатите: ВМРО-ДПМНЕ има 30.398, односно 41,49%, а СДСМ- 13.726 или 18,73%, од досега процесирани избирачки места 15,40 % /
Потегот на СДСМ да не се признаат изборите веднаш после завршување на изборите, без да се знаат резултатите е оспорување на цел изборен процес, објаснува за НОВА Александар Новаковски, поранешниот претседател на ДИК
Првичните резултати од ВМРО-ДПМНЕ: 136.000 граѓани гласале за Горге Иванов, а 91.000 граѓани за Стево Пендаровски. Додека соодносот на парламентарните избори е 59.000 за ВМРО – ДПМНЕ, а за СДСМ 29.000 гласови
Славенички каравани со автомобили и знамиња на ВМРО-ДПМНЕ низ скопските улици веќе ја прогласија изборната победа
„СДСМ не го признава изборниот процес“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција на која е присутен и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, по што следуваше силен аплауз од присутните членови и од партиското раководство














