Browsing: ЕКОНОМИЈА

Вчера на Комисија од страна на претставниците на Владата се потврди дека законот за магистрален гасовод нема врска со проектот Јужен тек, истакна во својот говор пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули

Просечната цена по која се откупува тутунот е за 30 отсто пониска од лани, откупувачите не откупуваат тутун како прва класа, а и откупот се врши премногу бавно, поради што тутунот ќе ни скапе

Државата ќе го забрани обложувањето и игрите на среќа на интернет преку странски компании. Државната лотарија на Македонија заедно со компанијата „Австрија казино“ како странски инвеститор ќе формираат нова компанија со владата како доминантен сопственик со 51 процент акции – „Државна видео лотарија“

Според одредени проценки во последните 6 години во државните јасли се вработени 40.000 луѓе, од нив 6.000 се Албанци – велат економистите. Трендот на квантитативно билдање на администрацијата не запира

СДСМ се повеќе се плаши од одговор на прашањето каде завршуваа парите кога тие беа на власт. За разлика од денес, во времето на СДСМ милијарди евра народни пари беа трошени, а граѓаните не можеа да видат ниту пак да се сетат на барем еден капитален проект

Според СДСМ, Груевски има изградено само 7,6 километри автопат, тоа е автопатот Табановце – Куманово. Ја реконструираше 27 километарската делница Катланово – Велес и ја дозаврши скопската заобиколница. За сето ова во просек годишно Владата на Груевски давала по 17 милиони евра- приближно колку сумата за 11 изградени споменици

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одби барањето од Балкан енерџи груп (БЕГ) за два часа да се продолжи периодот за греење во Скопје, бидејќи со тоа сметките за потрошена топлинска енергија би се зголемиле за 9 отсто

Кираца Трајковска, потпретседателката на надзорниот одбор на „Фершпед“ за НОВА: Ги продадов своите акции на Друштвотото за инвестирање и консалтинг “Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ” Скопје, како мој влог и заложени како позајмица во моја фирма

Во новиот Одбор на директори се избрани: Иван Бановски, Димитар Цветковски, Снежана Сиљановска, Метју Џастин Де Морган, а за независни членови се избрани Татјана Шишковска и Стефано Грамиња