Browsing: ЕКОНОМИЈА

Го поддржуваме концептот на приватна сопственост, но се создаваат услови мала екипа, владина или политичка олигархија, да одлучува за прашања од кои ќе зависи профитот и производството од земјоделското земјиште, вели Ивон Величковски од Либералната партија.

Компаративната анализа меѓу земјите од поранешна Југославија, за бројот на вработените и висината на платите во здравството и образованието покажува дека вработените во овие дејности ги плаќаме многу скржаво.

Српскиот министер за рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, рече дека неговото министерство запопчнало да ја подготвува документацијата за просторниот план на јужниот крак на Јужен тек, кој ќе поминува низ Србија и кој ќе носи гас за Македонија.

Новите меѓународни банкарски стандарди или Базел III, имаат краен рок за имплементација до 2019 година. Но, банките и во светот и во Македонија немаат толку време. Пазарите на капитал бараат од нив да се сообразат со овие стандарди што е можно побрзо.

Државата бараше 81,5 милиони евра на вчерашната аукција, но доби само 61,6 милиони евра. Овојпат банките и пензиските фондови решија да купат помал износ од државните хартии од вредност кои беа понудени.

Две години по ред упорно се намалува бројот на пријавените невработени преку нивно бришење, но нивниот број во Државниот завод за статистика останува ист. Со овие математички гимнастики актуелната власт прави да се чувствува подобро, но не и да се реши проблемот.