Browsing: КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Планот на општината под водство на градоначалникот, Никола Бакрачески, да изгради неколку крупни инфраструктурни објекти, е причина централата на УНЕСКО да ја предупреди власта дека градот навлегува во опасна зона.

Од Општина Охрид тврдат дека целокупната постапка е водена во согласност со законски пропишаната процедура предвидена во Законот за градење и во Законот за просторно и урбанистичко планирање

Kвалитетот на езерската вода е под знак прашалник, а брзата и навремена еколошка заштита, како и во многу други случаи во Македонија, и овде заостанува, што од бирократски, што од економски, и можеби повеќе профитерски причини

Во студијата е наведено дека Скопје може да постигне оптимална, самоодржлива грејна структура. За ова е потребно да се обезбеди паралелен развој на централниот топловоден систем во урбаните делови од Скопје

Тие бараат стопирање и ревизија на сите штетни ДУП-ови и ГУП-ови, закон за урбано зеленило, закони за Градски архитект и нови закони за просторно и урбанистичко планирање и за градење

Дебатата за загадениот воздух се сведува на безначајна размена на соопштенија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои засебно можеби личат на заокружени смисловни целини, но во поширокиот контекст се само обични, дури и евтини логички замки

Трите најголеми града во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух, се вели во соопштението

Институцијата која пред граѓаните испорачува барање да се самоограничат во користењето на автомобилите, додека самата таа непречено „ужива“ возен парк од 40-50, па и повеќе конвенционални возила, не поседува кредибилитет за испорачување на такво барање