Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Топлификацијата подобра од гасификацијата за градот Скопје

0
By Нова ТВ on March 4, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 4, 2017 16:17

Системот за централно топловодно греење претставува техно-економски оптимален тип на греење за поголем дел од објектите лоцирани во Скопје. Ова е генералниот заклучок од студијата „Дефинирање на техно-економски оптимална и еколошки одржлива структура за греење и имплементирање на централизирано снабдување со санитарна топла вода на Град Скопје“, која беше презентирана во Стопанската комора на Македонија. Резултатите покажуваат дека топлификацијата е неоправдана за периферните делови од градот, вклучувајќи ги населбите каде што доминираат индивидуалните објекти за домување. Студијата препорачува затоплувањето на куќите да се стимулира со користење на инвертер клима-уреди и топлински пумпи кај станбените објекти.

Експертите во изготвената студија ја критикуваат можноста за гасификација на Скопје, која би им овозможила на граѓаните да се греат на природен гас. Тие не препорачуваат развој на гасоводниот систем во оние делови на градот каде што веќе има развиена топловодна мрежа. Во случајот на Скопје, велат експертите, тоа би биле два неприродни конкурента. Единствениот исклучок во полза на поставувањето уреди на природен гас се оние делови на Скопје каде што нема топлификација. Ако топлинските пумпи и клима уредите бараат значителна инвестиција во електродистрибутивната мрежа, тогаш експертите сметаат дека вреди да се размислува за изведба на дистрибутивна гасоводна мрежа за затоплување на овие делови од Скопје.

Од еколошки аспект, експертите од Машинскиот факултет посочуваат дека аерозагадувањето во Скопје ќе се намали со натамошен развој на централното топловодно греење. Во презентираната студија е претставен и предлог-план за развој на системот за централизирано снабдување со топлинска енергија на краток, среден и долг рок. Ако сите исклучени граѓани од централното греење се вратат повторно на некогашните услуги, експертите пресметале дека месечните сметки ќе се намалат за 10%, но и ќе опадне загадувањето на воздухот за 7%.

Во студијата е наведено дека Скопје може да постигне оптимална, самоодржлива грејна структура. За ова е потребно да се обезбеди паралелен развој на централниот топловоден систем во урбаните делови од Скопје, како и на когенеративното производство на топлинска и на електрична енергија од топлински пумпи и инвертери во периферните населби на Скопје. Денешното претставување на изработената студија беше организирано од страна на Македонската енергетска асоцијација.

Извор: Build

Гасификација Град Скопје Топлификација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.