Browsing: КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Годината што измина, е година на големи порази и мали победи во екологијата. Загадувањето бара итни мерки, а граѓанските организации предлагаат независен мониторинг што ќе покаже кој и колку загадува. Колку урбаното зеленило влијае на климата? Што ќе се случува по неконтролираната, легална сеча на дрвјата што се случи годинава? На оваа тема во ПРОЦЕС, зборуваат Кирил Пржо биолог-еколог и Невена Смилевска од Еко- Свест
Партијата за демократска обнова (ДОМ) бара Владата да прогласи вонредна состојба со загадувањето до крајот на февруари
Во соработка со единиците за локална самоуправа и министерството за образование , министерот Изаири ќе побара да се донесе одлука за започнување на зимскиот распуст за основните и средните училишта на 28 декември иако распустот официјално започнува ден потоа
Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!, се вели во повикот на граѓанските здруженија и иницијативи, организатори на протестот
По протестите против загадувањето кои се одржуваат во Тетово, протести денеска одржуваат и граѓани и невладини организации од Скопје. Граѓаните на Аеродром, Лисиче, Карпош, Центар, Чаир, Гази Баба и од цело Скопје протестираат поради алармантното аерозагадување.
Загадувањето во Битола е на критично високо ниво. На периоди и до 5, 10 па и 20 пати повеќе од дозволеното. СДСМ бара да се превземат итни мерки
Според мерењата, во декември во воздухот на Скопје имало просечна концентрација на ПМ10 од 600, а според списокот на СЗО, во кој го нема Скопје, најзагадениот воздух во еден од светските градови достигнал до концентрација на честичките ПМ10 од 372
Собарнието не ги изгласа заклучоците за Информацијата за загадувањето на воздухот во Скопје, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците од опозицијата обвинуваа дека Владата требала да навреме да преземе мерки
Проценките на Комисијата се дека тврдењата во некои од државите дека справувањето со загадениот воздух чинат многу пари се неточни бидејќи истражувањата покажале дека справувањето со последиците од загадувањата една држава ќе ја чини 12 пати повеќе
Со марш од плоштадот Македонија до Владата група млади од неколку организации за заштита на животната средина се обидоа да го вклучат аларморт кај надлежните за загрижувачки високото загадување на воздухот
Во препораките од извештаите неколку години наназад, за животната средина во Македонија, се вели дека многу е важно да се надогради капацитетот на институциите задолжени за животна средина
Маршот ќе го поддржиме со паролата „За очи заштита имаме, но за бели дробови немаме“, за таа цел членовите и симпатизерите на МОДОМ ќе носат очила и големо платно со оваа порака














