Browsing: КУЛТУРА

НУ Албански театар – Скопје со изведбата на Шекспировиот “Магбет” ја одбележа 65. годишнината од постoењето. Формиран е во 1950 и во jули истата година ја имал првата премиера – Гогољевата “Женидба”

Во рамките на новоотвореното Кино Култура, денес во 21 часот ќе се одржи концерт на групата „Фолтин“, а утре на репертоарот е скопската премиера на претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски

По подолг период, отворен е независниот центар за култура во Скопје, на старото кино култура. Основачи на центарот се организациите „Локомотива“ и „Театарот на навигаторот Цветко“ со помош на општина Центар

Веќе неколку години по ред, концертите на еден од најуспешните македонски бендови „Нокаут“ се помеѓу најпосетуваните кога е во прашање македонската музика. На 24.декември, доколку досега сте ги пропуштиле, имате нова можност одблиску да се запознаете со нивната музика

Македонскиот фоторепортер, Ѓорѓи Личовски во Берлин ја прими наградата за фотографија на годината на УНИЦЕФ. На наградената фотографија за 2015, се наоѓаат две деца со солзи во очите, кои пред полициските специјалци ги бараат своите родителите