Browsing: КУЛТУРА

Вечерва се затвора шеснаесетото издание на Скопскиот филмски фестивал, со премиерното прикажување на рускиот филм „Предавство“ во режија на Кирил Сребреников. Филмот минатата година беше номиниран за наградата „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Во главната улога игра македонскиот актер Дејан Лилиќ

Во рамки на манифестацијата „Денови на канадската литература во Македонија”, што се одржува од денеска до 28 април, во НУБ „Св. Климент Охридски“ беа промовирани изданија од канадски автори преведени на македонски или на албански јазик

Независниот театар Theatra на 27 април 2013 година ќе прослави две години од своето основање. Театарот во изминатите две години продуцираше завиден број на претстави и проекти, почнувајќи со претставите „Мизантроп“, „Звукот на коските што се кршат“, „Хауситери“

Позитивен книжевен осврт кон хрватското објавување на наградениот македонски роман „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли под насловот „21 – книга на фантазми“ беше објавен во специјализираната емисија „Библиовизор“ на Третата програма на Храватското радио

Александар Прокопиев, еден од најпреведуваните македонски современи писатели со збирката раскази „Човечулец: бајки од левиот џеб“ , влезе во изборот за престижната меѓународна книжевна награда „Ангелус“