Browsing: ПОЛИТИКА

Ние сакаме да појасниме дека во рамки на процесот на проширување би сакале што побрзо да се најде решение и на никого не му е во интерес проблемот да се одолговлекува. Тоа се однесува и на добрососедските односи со Бугарија и Грција“, рече Даниелсон.

На начин на кој обете страни ќе почувствуваат дека постигнале успех, вели поранешниот американски амбасадор во НАТО во интервју за Гласот на Америка

Откако СДСМ покажа со факти и документи дека за само 10 дена потрошени се најмалку 1 милион евра, јавноста два дена чека ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор кој и како ја плаќа кампањата против Зоран Заев и СДСМ, потенцираше портпаролот на СДСМ

Нема официјално објаснување од Министерството за здравство зошто 310 000 македонски граѓани се уште не ги добиле електронските здравствени картички. Иако на време уплатиле по 250 денари , со месеци чекаат да ги добијат картичките. Фирмата која ги изработува картичките и Фондот за здравство на одговор упатуваат во ресорното министерство

„Дали граѓаните од Пустец ќе се јават на изборите да гласаат на територијата на Македонија или ќе го искористат своето право да гласаат како дијаспора, условно речено од Пустец, тоа не можеме да го кажеме“, рече Рилковски

Во текот на петтата недела од 2014 година (од 27 јануари до 2 февруари) во Република Македонија се евидентирани 2.350 новозаболени од грип, соопшти Институтот за јавно здравје. Најголем број новозаболени во Кавадарци

Во сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“, загина познатиот велешки адвокат Никола Димов, јавуваат македонските медиуми

Поранешниот пратеник на СДСМ Драган Митовски преку својата фирма Алми – Петрол, не само што добивал пари од Општина Куманово, туку добивал тендери и од општинските установи во Куманово, објави ВМРО – ДПМНЕ

Македонија се повикува да продолжи со реформите и да им стави крај на нејзините политики и практиките кои можат да претставуваат пречка за нејзината европска иднина, како и постигнување на напредок во областите наведени во заклучоците на Советот на ЕУ.