Browsing: ПОЛИТИКА

Ромите се најсиромашна популација, а ромските деца страдаат од неухранетост. Ромите живеат во гетоизирани населби, без вода, струја, канализација, асфалтни патишта, улично осветление. Само 16 проценти од Ромите што живеат во Скопје имаат тоалет и бања, а останатите користат полско веце. Достапност на вода имаат само 26 проценти

СДСМ нема кредибилитет да зборува за правата и за помошта на социјално загрозените категории на граѓани, заради тоа што СДСМ ги создаде и стечајците и социјалците и невработените, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на обвинувањата од опозицијата дека се блокирани сметките на социјалните случаи бидејќи не платиле радиодифузна такса

Јавната набавка за која што говори господинот Дамјан Манчевски, која што воопшто не е тајна, претставува договор со плаќање по испорака, што значи, ќе се плати колку што ќе се потроши, се вели во соопштението од Министерството за здравство

Голем број на приматели на социјална помош ќе останат без паричната помош поради тоа што пред неколку дена сметките им беа блокирани за неплатена радиодифузна такса тврдат од Советот за социјална политика на СДСМ

Доколку се случи предвремени парламентарни избори да отпочнат во вториот круг на претседателските избори, тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, вели Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија во интервју на Радио Слободна Европа

Стотина граѓани утрово се одзваа на повикот на граѓанската инцијатива за протестен марш за спас на Водно со цел, како што се вели во нивниот повик на ФБ, да ја зачува нашата оаза на чист воздух од насилната урбанизација

Македонските државјани кои живеат во странство имаат рок до 7 март да се пријават за гласање на претседателските избори. Пријавувањето треба да се изврши во македонските дипломатски претставништва или преку интернет страницата на Државната изборна комисија

НОВА открива кој се седи во надзорните тела, колкави се нивните примиња, какви им се врските со кабинетите на премиреот и центрите на моќ и кои се луѓето кои извршуваат и по неколку функции одеднаш

Шилегов посочи документи според кои во 2013 година Владата на Никола Груевски префрлила над 280 илјади евра на сметката на Канал 5 телевизија. Дури 216 илјади евра Алфа телевизија ги добила од Владата во само еден ден, на 10-ти декември 2013 година