Browsing: ПОЛИТИКА

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. На масата се става риба, гравче, посна сарма, лепче со паричка. Се верува дека кај оној член од семејството каде што ќе падне паричката ќе има среќа цела година.

„Кога паричката му паѓа на претседателот, и паѓа на државата“, рече претседателот Ѓорѓе Иванов, на кој на овогодинешните собири каде што се почитува традицијата и се палат коледарските огнови, во Маџир Маало паричката за следното кумство му падна нему

Министерството за надворешни работи подолг период комуницира со своите колеги од Србија, Турција, Словенија, Црна Гора и најверојатно, Хрватска, за идејата за споделување заеднички објект потврди премиерот Груевски

Конкурсот за избор на нови членови на Комисијата за лустрација трае до среда. Иако СДСМ најави дека нема да предложи кандидати за новиот состав сепак, Чедомир Дамјановски се надева на подршка на либералите на Ивон Величковски. Во игра е и Томе Аџиев, а документи поднела и Ристана Лалчева од ЛП

Сите локации во деталните урбанистички планови кои ги носат општините, а чија намена е изградба на домови за стари лица или детски градинки ќе се продаваат со почетна цена од 1 евро за метар квадратен, а комуналиите треба да се намалат за 95 проценти

Вечерва во цела држава ќе горат коледарските огнови, како најава за Бадник и големиот празник Рождество Христово – Божик. За празникот не важат предупредувањата дека дрвата го загадуваат воздухот, нуту постот. Ќе се пие греана ракија и вино, ќе се јадат колбаси на жар

Секој четврти млад човек во Македонија е останат со основно образование, покажува официјалната статистика, но и покрај ваквата состојба факултети се отвораат во повеќе населени места