Browsing: ПОЛИТИКА

На состанокот се дискутирало за препораките кои стојат во Извештајот за Македонија, во однос на тоа што е можно Македонија да направи до декември пред Советот на Европа со цел да се зајакнат аргументите за добивање на датум за започнување на преговори

Василакис го предложил името „Славјанско-албанска Македонија“, а во однос на грчките позиции, тој на Јолевски му порачал дека Атина останува на веќе познатите црвени линии и барањето за ерга омнес име со сложена географска одредница

Во извештајот Doing Business за 2014 на Светска банка Македонија e на 24 место. Но, од друга страна, најновиот Индекс на просперитет што го подготви Легатум Институтот покажува дека најслабо рангирани во Западен Балкан се БиХ и Македонија

– Случајот Кежаровски никој од нас не го предвидувал или проектирал…ние разбираме дека правосудството има и добри страни и недостатоци…но недостатоците во судството не ни даваат за право да го претвориме Собранието во кривичен, управен или прекршочен суд

Ховит на пратениците во Собранието им ја пренесе загриженоста на неговите колеги во ЕП како и на некои земји членки на ЕУ кои се повеќе се сомневаат во демократските перформанси на Македонија

Градоначалникот на Центар, Жерновски денеска разговараше со известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит; во ЕУ принципот на локална демократија и правото на граѓаните на слободен избор на гласачкото ливче е најважен за европската демократија, вели европарламентарецот

По средбата со европратеникот, министерот Попоски изразил благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент и личниот ангажман на европратеникот Ховит во процесот на евроатлантските интеграции на Македонија

На Клиниката за токсикологија велат дека на затруените им била променета крвната плазма, но немале против отров, односно Анти -дот терапија. „Ние сме сиромашна земја, а терапијата е многу скапа. Имаме договор со Шведска фирма за да ни испорачаат кога ќе ни затреба, но Словенија и Хрватска беа побрзи и терапијата стигна неколку часа по хоспитализацијата на пациентите изјави за НОВА Андон Чибишев директор на Клиниката.

-Инцијативата за сеопфатно сексуално образование е заснована на високата поддршка, од над 90%, што ја искажаа граѓаните во 2009, а во истражувањето учествуваше и МОН, реагираат од ХЕРА откако министерот Ристовски изјави дека граѓаните не прифаќаат да се учи по дополнителен учебник

Врховниот суд, исто така, соопштил дека ако “Сахара груп” не ги предаде тапиите во рок од три недели, тогаш Субрата Рој и други директори не можат да ја напуштат земјата без негова дозвола