Browsing: ПОЛИТИКА
Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ќе го посети новинарот Томислав Кежаровски, осуден на затворска казна во времетраење од четири и пол години поради објавување на идентитет на заштитен сведок
Правобранителот го прифатил барањето на Здружението на новинари и се очекува утре да го посети Кежаровски во неговата затворска келија, јавуваат македонските медиуми
Двајца од тетовчаните кои се затруја со отровни печурки починале вчера попладне на Клиниката за токсикологија. Станува збор за татко и син, кои заедно со останатите шест членови од семејството јаделе од една од најотровните печурки на овие простори, Аманита кои сами ги береле
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски го продаде училиштето Братство во Нерези за 2,7 милиони евра, за да ја изгради новата општинска зграда, но таа се уште не е изградена и по една година, обвинува СДСМ
Јас се ставам на оние кои имаат сомнеж во социјалните мрежи, конкретно во facebook, со својот личен пример и искуство да им ги засведочам сите позитивни нешта кои можат да се искористат во современата мисија/ сведоштво на Црквата
Во ваква ситуација во каква што сме сега, мислам дека се мали шансите дека ние можеме сериозно да седнеме и да разговараме затоа што очигледно довербата е изгубена, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани
Случајот со Кежаровски е случај со кој се занимаваат судовите. Министерот за правда може да ги разгледа случајот и пресудата, но тоа повеќе би била политичка оценка, вели Али Ахмети
Според предлогот на министерството, по редовните девет месеци, треба да се воведе можност за користење уште три неплатени месеци отсуство. За тие месеци мајките нема да земаат надомест но работодавачите имаат обврска да им го чуваат работното место.
Максим Димовски има четири и пол години и ретко заболување, „Шимке имуно-дисплазија“ од кое боледуваат само пет деца во светот. Максим мора итно да отпатува на лекување Германија, земја каде што е откриена оваа болест, каде треба да му се изврши трансплантација на коскена срцевина и бубрег
Ставањето на СДСМ во улога на адвокат на оние кои не ги почитувале законите е класична политичка злоупотреба зошто сериозна политичка партија не смее да го прави тоа.
Започна зимското сметање на времето. Утрово во три часот стрелките на часовикот се вратија за еден час наназад.
Просечен успех од најмалку 3,00 е единствениот критериум за учениците со посебни потреби, и 3,50 за децата без родители. Покрај успехот од најмалку 4,00, за кандидатите–талентирани спортисти предвид ќе се земат и освоените награди на државни или меѓународни натпревари















