Browsing: ПОЛИТИКА

Дел од информативните портали, меѓу кои беше и НОВА, Светскиот ден на медиумите во земјава го одбележуваа со затемнување на своите веб страници на 24 часа како протест поради новиот Закон за медиуми

Законот за медиуми наскоро ќе патува во Советот на Европа (СЕ) во Стразбург на проверка, дознава Нова од дипломатски извори во ЕУ. Во Брисел ги следат реакциите околу текстот, но потенцираат дека тие не барале закон за медиуми

Движењето за социјална правда ЛЕНКА вечерва, на3 мај – светскиот ден на слободен печат ќе ја затемни својата веб страница во знак на поддршка на повикот за протест на интернет медиумите со 24 часовно затемнување

ВМРО ДПМНЕ и Министерството за информатичко општество реагираат на повикот за затемнување на порталите по повод светскиот ден на слободниот печат со навреди и дискфалификации за синдикатот и претседателката Тамара Чаусидис.

Синдикатот на новинари повикува на затемнување на интернет медиумите утре, на 3-ти Мај – светскиот ден на слободата на печатот во знак на протест против носењето на новиот закон за медиуми

Предизборната битка наместо да е натпревар и соочување на различни политички идеи и програми, се престори во жестока, лична и дисквалификувачка пресметка на власта со опозицијата, се вели во анализата “Медиумско огледало” на НВО Инфо центарот

Две од четирите деца се уште се во животна опасност и се во коматозна состојба со повреди на главата и нагмечување на градниот кош по сообраќајната несреќа со трактор во Кочанско во која загинаа и маж и жена.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, од форум во САД ги повтори предупредувањата до Македонија дека не може да се надева на поддршка за добивање датум за преговори на јунскиот самит, ако претходно не се потпише договорот за добрососедство