Browsing: СПОРТ

Како што наведува „Си-Би-Ес Лос Анџелес“, погребот во Меморијалниот парк „Пацифик Вју“ во Корона дел Мар бил затворен за јавност и на него присуствувало само семејството на славниот член на лејкерси

Играчите на Канзас, во финалето што се одигра во Мајами, го совладаа Сан Франциско со 31:20, со пресврт во последната четвртина за што најголеми заслуги има Патрик Махомс, и за првпат по 1970 година ја заклучија титулата во своите витрини

Несреќата се случила синоќа во скопската населба Кисела Вода. Легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото, излетал од патот, удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот и починал на место

Српскиот тенисер во полуфиналето во Мелбурн го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ со 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра. Швајцарецот, пак, спаси седум меч топки и успеа, со пресврт, да го елиминира Тенис Сандгрен од САД со 6:3, 2:6, 2:6, 7:6, 6:3

Со гестот на „Род Лејвер арена“, Австралиецот јасно стави до знаење колку се восхитувал на ликот и делата на кошаркарската ѕвезда на лејкерси, а во еден момент за време на петминутното загревање пред мечот не можеше да ги исконтролира емоциите и заплака

Американските метеоролози потврдија дека видливоста била многу лоша во моментот на несреќата. „Влажноста на воздухот била 100 отсто што говори дека воздухот бил како супа“, вели Мајк Геј од „Си-Ен-Ен“ во описот на условите на летот

Покрај нив двајца, со хеликоптерот на кошаркарски натпревар патувале и другарка на ќерката на Брајант и нејзиниот татко, Џон Алтобели, бејзбол тренер на колеџот Оринџ Каунти и пилотот на леталото. Но, шерифот Алекс Валануева на официјална прес-конференција подоцна откри дека во хеликоптерската несреќа загинале девет лица – пилотот плус осум патници, без да каже кои се преостанатите четворица кои смртно настрадаа кај Калабасас во Калифорнија