Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓу загинатите во хеликоптерот на Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џана

0
By Нова ТВ on January 26, 2020 СПОРТ
Фото: masslive.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 26, 2020 23:46

Легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант на 41 годишна возраст го загуби животот во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Во падот на леталото, медиумите првично известија за уште четири настрадани лица меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка Џана Марија Оноре Брајант.

Покрај нив двајца, со хеликоптерот на кошаркарски натпревар патувале и другарка на ќерката на Брајант и нејзиниот татко, Џон Алтобели, бејзбол тренер на колеџот Оринџ Каунти и пилотот на хеликоптерот.

Но, шерифот Алекс Валануева на официјална прес-конференција откри дека во хеликоптерската несреќа загинале девет лица – пилотот плус осум патници, без да каже кои се преостанатите четворица кои смртно настрадаа кај Калабасас во Калифорнија.

Дел од медиумите, првично, известија дека меѓу патниците во хеликоптерот бил и поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Рик Фокс чиј адвокат ја демантира веста за порталот „ТМЗ“.

Жителите на Калабасас во чија околина се случи несреќата опишаа дека слушнале бучава од што заклучиле дека нешто не е во ред.

Социјалните мрежи се веќе преплавени со емоции за еден од најголемите личности во поновата историја на кошаркарскиот спорт. Во изразувањето на сочувства, покрај колеги на Брајант, се придружија и политичарите кои со неверување ја примија веста за хеликоптерската несреќа во Калифорнија. Меѓу нив и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Фото: news.sky.com

Дерби мечот меѓу израелски вечни ривали Макаби и Хапоел беше прекинат при добивање на веста за смртта на еден од најголемите кошаркари во историјата. Солзи меѓу кошаркарите на теренот, но и меѓу гледачите на трибините кои упатија громогласен аплуаз за ѕвездата на Л.А. Лејкерс по што цела сала почна да го скандира неговото име.

Информација за несреќата прв објави американскиот таблоид „ТМЗ“ за потоа и „Лос Анџелес Тајмс“ да излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот.

Коби Брајант кошарка несреќа Хеликоптер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.