Browsing: СПОРТ

Партнерот на Шарапова е коосновач на аукциската куќа „Педл Ејт“ (Paddle8) која се етаблира како специјализирана за продажба на уметнички дела, постојано е во друштво на британскиот џет-сет и близок пријател е со принцевите Хари и Вилијам. Важи за голем русофил е, одлично го говори рускиот јазик и вљубеник е во руската литература

Водечкиот рекет на АТП листата, кој денеска ја почна 271 недела како лидер, за време на престојот во јапонскиот град се појави како гостин во сумо клуб, а импресиите од посетата ги сподели на социјалните мрежи

Репрезентацијата на Србија во финалето на ЕП во Париз ја совлада Словенија со 3:1 (по сетови: 19:25, 25:16, 25:18, 25:20) и со девет победи во исто толку одиграни мечеви по третпат се искачија на тронот по 2001 година и 2011 година

Емилијано Сала го загуби животот во авионската несреќа на 21 јануари, на пат од Нант кон Кардиф каде требаше да се приклучи на истоимениот клуб од Велс. Неговиот трансфер од францускиот прволигаш изнесуваше 15 милиони евра, а сега со одлуката на ФИФА, Велшаните ќе мора да ја платат првата рата од околу шест милиони евра

„Змајчеки“ во полуфиналето во арена „Стожице“ во Љубљана го поразија актуелниот светски шампион, Полска со 3:1 (по сетови: 25:23, 24:26, 25:22, 25:23) и за титулата во недела ќе играат со подобриот од мечот Франција – Србија што е закажан за вечерва во 20 часот

Со своите игри и работа остави трага во голем број на клубови во поранешна Југославија меѓу кои и кај скопските „црвено-црни“ на чие кормило беше во 1983/84, две години пред освојување на шампионската титула во сојузната лига

Домашната селекција славеше со 35:26 во првото коло во групата 5. „Црвено-жолтите“ девојки во сабота во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“, 18 ч.) ја пречекуваат репрезентацијата на Чешка

Контроверзниот тенисер беше казнет со 113.000 долари за напад врз судија на Мастерсот во Синсинати, но тоа не делуваше отрезнувачки по него и продолжи со испади на тениските терени. Последниот го имаше на Ју-Ес опен чии организатори ги обвини дека се корумпирани