Шведската атлетичарка во скок со стап, Анџелика Бенгстон се соочи со незгода, за среќа без последици, на Светското првенство во Доха. За време на изведбата, при одраз од земја, пукна стапот со кој се обиде да ја совлада летвичката, а, сепак, успеа да падне на душекот. Судиите веднаш ` притрчаа напомош додека таа лежеше без да се помрдне, а глетката предизвика вознемиреност на трибините.

Иако изгледаат тенки, реквизитите што се користат за прескок во дисциплината се изработени од посебен и многу издржлив материјал што е толку еластичен да може да се допрат двата краја на стапот. Примерите како со Бенгстон важат за реткост во „кралицата на спортовите“, ретко се случуваат меѓутоа досега не се забележани потешки повреди кај натпреварувачите со искуство како Швеѓанката.