Browsing: СПОРТ

Меѓу наполитанците е најавен за утре (среда), најпрво на лекарски прегледи, а потоа и на потпис на петгодишен договор. Во градот под Везув го гледаат како алтернатива за Фабијано Руиз. Може да одговори на неколку позиции во средниот ред во која најдобар ефект има како централен играч за врска. Членот на „црвено-жолтиот“ национален тим пред две години замина од Работнички во Фенербахче за 180.000 евра, а неговата цена во меѓувреме многукратно се зголеми на фудбалскиот пазар

Тетовци го совладаа естонски Номе Калју со 1:0, стрелец на единствениот погодок на стадионот „Кардиору“ беше Агим Ибраими во 81. минута. Севкупниот победник од двомечот во второто коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Сараево и Селтик. А, по исходот во Естонија попладнево, многу поблиску до пресметки со славниот шкотски клуб е македонскиот фудбалски шампион

По пауза од 12 години, Бразилците успеаја до континенталниот трофеј по победата над Перу со 3:1 во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Стрелци за бразилската селекција беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута

Американките кои го бранеа тронот во финалето го поразија актуелниот европски првак со 2:0 со погодоците на капитенот Меган Рафино во 61. минута од пенал и на Рос Лавели во 69. минута. Покрај погодокот, Рафино стана и највозрасна фудбалерка (34 години и два дена) со гол во финалните пресметки на мундијалите, а нејзината селекција го завршија настапот на турнирот во Франција со 26 гола што е рекорд на женските светски првенства

Американските во финалето во Нанџинг, Кина, славеа над Бразил со 3:2 (по сетови: 20:25, 22:25, 25:15, 25:21, 15;:13). Бронзениот медал го освоија одбојкарките на Турција по триумфот над Кина со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:15, 20:25, 25.21)

Таа се водеше како исчезната од неделата попладне, откако исплови во изнајмен брод заедно со нејзина пријателка. Истрагата утврди дека од брегот се оддалечиле околу 14 часот и по 700. метри се стационирале да уживаат во сончевото време. Околу 16 часот, Исмаили скокнала во вода да се освежи и од тој момент повеќе не се појавила на површина. Нејзиното безживотно тело, според италијанските власти, е извлечено на длабочина од 204 метри