Browsing: СПОРТ

Кадетската репрезентација на С. Македонија ја забележа првата победа на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години во Скопје. Во меч од второто коло во групата Ц е совладана Нигерија со 37:34 (полувреме 18:16), но освен резултатот, до драстично поправање на впечатокот по неочекуваниот пораз од Аргентина на стартот не дојде. Нареден ривал на националниот тим на СП 2019 за играчи до 19 години е Бахреин (СЦ „Борис Трајковски“, петок, 20.30 ч.)

Бразилскиот стопер се пресели во тимот од Северен Лондон од екипата на Челзи за осум милиони фунти. На „Емирати“ ова лето пристигнаа и Николас Пепе од Лил за 80 милиони евра, Киран Тирни од Селтик за 27 милиони евра и Дани Себалјос како позајмен фудбалер од Реал Мадрид

„Црно-белите“ ја поразија Малатијаспор со 3:1 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Турција по седум дена. Стрелци за српскиот вицешампион беа Нигериецот Садик, Јапонецот Асано и Сума од Гвинеја. Македонскиот репрезентативец, пак, го постигна единствениот погодок за АЕК Ларнака во ремито на домашен терен против белгиски Гент

Австрискиот претставник неочекувано славеше во Швајцарија со 2:1 во првиот меч од третото коло и во голема мера ги подгреа надежите дека пласман во плејофот не е невозможна мисија

Досегашниот играч на Палермо е нов член на тимот на Мајорка, повратник во шпанска Примера. Потпиша договор на четири години и стана моментно втор македонски фудбалер во конкуренцијата во која главниот збор го имаат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Севилја, Валенсија, итн. по Енис Барди кој одлично се снајде и вклопи во Леванте

Во извештајот се наведува дека сопственичката на 23 гренслем трофеи заработи 29,2 милиони долари за 12 месеца од кои 4,2 милиона долари се турнирски награди, а останатиот приход е од спонзорски договори и разни други основи

Според јапонската Агенција за управување со природни непогоди, билансот од временски (не)прилики од 29 јули до 4 август е 57 починати лица во целата земја, а повеќе од 1.800 лица биле хоспитализирани само во градот домаќин на Олимпијадата

Македонските репрезентативци одиграа две различни полувремиња во СЦ „Борис Трајковски“. Го добија првото со четири разлика (13:9), но паднаа во второто во кое постигна само седум гола, а примија двојно повеќе за конечни 20:23. Следува ден одмор во групата Ц, а наредниот натпревар за избраниците на Данило Брестовац е во четврток против Нигерија

Порака со ваква содржина е истакна на стадионот „Тумба“ во Солун, па останува да видиме дали овој дел од кореографијата на домашните навивачи ќе влезе и во бележникот на делегатот што ќе значи и поведување на дисциплинска постапка и парична казна за грчкиот клуб

Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Дамам, Саудиска Арабија. „Црвено-црните“ ќе улествуваат по вторпат по освоениот бронзен медал во премиерата во 2017 година. Титулата оваа година ја брани Барселона која во ланското финале го совлада Фухсе Берлин со 29:24