Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски фудбалски бисер под команда на Анчелоти: Елиф Елмас во Наполи за 15 милиони евра

0
By Нова ТВ on July 9, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 9, 2019 22:26

Интер, Милан, Фиорентина и Лацио во Италија, Севилја и Атлетико Мадрид во Шпанија, Лестер, Тотенхем и Манчестер сити во Англија. Сите тие го посакуваа македонскиот фудбалски бисер, но друг го доби. Елиф Елмас (19) го заменува дресот на Фенербахче со синиот на Наполи. Во тимот на чие кормило е Карло Анчелоти е најавен за утре (среда), најпрво на лекарски прегледи, а потоа и на потпис на петгодишен договор „тежок“, според едни 15 милиони евра, според други 18 милиони евра. Во градот под Везув го гледаат како алтернатива за Фабијано Руиз. Може да одговори на неколку позиции во средниот ред во која најдобар ефект има како централен играч за врска.

Толку пари ќе добие Фенербахче за слободата на македонскиот репрезентативец, процент ќе заврши и во Работнички од каде замина во Истанбул во 2017 година, а на неговата сметка, како што објавуваат медиумите, годишно ќе легнуваат еден милион евра. Турскиот клуб бараше 20 милиони евра за Елмас меѓутоа во последен момент се реши за попуст што како „happy hour“ го искористија наполитанците.

Сметка за кариерата на Елмас водат неговиот татко и менаџерот Никола Ѓошевски, екс фудбалер на Вардар, на Силекс, на Спартак Москва, на Салцбург, на Митјиланд, итн. Неговиот трансфер од Работнички во Фенербахче, пред години, се реализира со помош на познатиот кошаркар Мирсад Јаховиќ, голем удел во овој има Фали Рамадани, кој важи за човек со влијание во италијанскиот фудбалски пазар и веќе има тројца клиенти на „Сао Паоло“ (Србинот Никола Максимовиќ, Хрватот Марко Рог и Сенегалецот Калиду Кулибали). Ова е нивни втор голем трансфер во последните неколку дена по оној на напаѓачот Влатко Стојановски од Ренова во француски Ним за 1,5 милиони евра.

Иако сè уште е тинејџер, сепак, Елиф Елмас веќе има четири сениорски сезони зад себе. Како 15 годишно момче дебитира за првиот тим на Работнички во 2015 година, беше важна алка во младата репрезентација во пласманот на ЕП 2017, а по обврските на турнирот во Полска ја прифати понудата на Фенербахче чии претставници беа најупорни во неговиот ангажман. Во Турција замина за 180.000 евра, а сега во Наполи за 15 до 18 милиони евра (официјалната сума ќе биде позната по официјализирање на договорот).

Елмас е трето засилување за Наполи во летниот преоден рок. Под команда на Анчелоти претходно се согласија и грчкиот стопер од Рома, Костас Манолас и десниот бек на Емполи, Џовани ди Лоренцо. Покрај него, македонскиот фудбал ќе има уште двајца претставници во Серија А во сезоната 2019/20 – Горан Пандев во Џенова и Илија Несторовски во Удинезе.

Елис Елмас Наполи трансфер Фенербахче фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.