Browsing: СПОРТ

Споредбата излезе на површина во време на женското Светско првенство што се одржува во Франција на кое фудбалерките дигнаа глас и побараа поголеми бонуси за настапи. Најдалеку отидоа американските репрезентативки кои поднесоа тужба против Фудбалската федерација на САД за полова дискриминација со забелешки  дека нивните машки колеги се фаворизирани во делот на подготовки, на медицински персонал и на патувања

Владата на Република Северна Македонија на 141. седница донесе одлука да додели еден милион денари (околу 16.000 евра) за младиот борач Бесир Алили и 300.000 денари (околу 5.000 евра) за неговиот тренер за освоеното прво место на Европскиот кадетски шампионат во Фиренца, Италија. За ракометарите на Вардар, пак, е потврдена најавената награда од 30 милиони денари (околлу 500.000 евра) за втората освоена титула во Лигата на шампиони

На наддавање ќе бидат ставени реплики на пехарите од Вимблдон, од Ју-Ес опен и од Дејвис купот, разни медали и парчиња гардероба. Меѓутоа и рекети, рачни часовници, маички, па дури и чорапи со вкупна вредност од 200.000 фунти. Аукцијата е во тек, во неа може да се учествува преку интернет и ќе трае до 11 јули, а продажбата е во организација на стечајни управители. 

Во финалето во базенот на СЦ „Ташмајдан“ во Белград, српските ватерполисти ги поразија хрватските колеги со 12:11 (по четвртини: 1:3, 5:2, 1:3, 5:3) со што воедно се пласираа на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Хрватските медиуми известуваат за фер и коректна атмосфера во финалето пришто го нотираат и аплаузот од трибините по интонирање на нивната химна. Бронзениот медал го освои селекцијата на Австралија која во малото финале ја порази Шпанија со 11:10 (по четвртини: 3:1, 2:3, 4:4, 2:2)

Хрватот открива дека „црвено-црните“ го повторија успехот во ракометната Лига на шампиони од 2017 година без 21 плата. Играчите и натаму имаат побарувања од клупското раководство кое го ветило 1 септември како рок за исплата на финансиските обврски

Алжирецот пристигна во Скопје во 2018 година и цела сезона беше во сенка на српскиот голман Дејан Милосављев, но затоа Словенецот совршено се вклопи во средината и се наметна како адекватна замена за хрватскиот среден бек Лука Циндриќ

Легендарниот напаѓач на Јувентус и на Милан потпиша едногодишен договор со екипата од стадионот „Чиро Вигорито“ со можност за продолжување на соработката во случај на взаемно задоволство од сработеното

Мечевите на женскиот ракометен мундијал ќе почнат на 29 ноември, ќе траат до 16 декември и ќе се играат во пет сали во Кумамото, Јапонија. Французинките ќе се обидат да ја одбранат титулата од СП 2017 во Германија каде во финалето ја совладаа Норвешка со 23:21. Освен победникот на турнирот, на Олимписките игри во Токио ќе се пласираат и репрезентациите од второто до седмото место на СП 2019

Тинејџерот кој во четврт-финалето на ланското издание на Лигата на шампиони ја елиминира токму „старата дама“ ќе добие договор на пет години, неговата плата по сезона ќе изнесува меѓу 15 и 20 милиони евра, а тимот од Амстердам, чиј капитен беше досега, ќе заработи 70 милиони евра од трансферот