Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на ОН: Меси со двојно поголеми приходи од 1.693 фудбалерки заедно

0
By Нова ТВ on June 26, 2019 СПОРТ
Фото: sportskeeda.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 26, 2019 01:28

Обединетите нации (ОН) застанаа на страна на фудбалерките. На Фејсбук профилот на организацијата е објавен интересен податок од истражување кој вели дека Лионел Меси има двојно поголема годишна заработувачка од 1.693 девојки во копачки заедно. Затоа и поведоа кампања чија цел е подигнување на свеста и зголемување на платите на фудбалерките за кои сметаат дека заслужуваат.

Аргентинецот во тек на 12 месеци приходува 84 милиони евра од плати, бонуси и маркетинг наспроти 42,6 милиони евра на 1.693 фудбалерки во најсилните седум лиги во светот.

Фото: facebook.com

Споредбата излезе на површина во време на женското Светско првенство што се одржува во Франција на кое фудбалерките дигнаа глас и побараа поголеми бонуси за настапи. Најдалеку отидоа американските репрезентативки кои поднесоа тужба против Фудбалската федерација на САД за полова дискриминација со забелешки  дека нивните машки колеги се фаворизирани во делот на подготовки, на медицински персонал и на патувања.

Федерацијата се обиде да се оправда дека од фудбалерите има поголем профит, но податоците од 2018 година покажуваат дека фудбалерките заработиле 51 милион долари, еден повеќе од фудбалерите, од кои најголем дел отпаѓаат на влезници.

жени истражување Лионел Меси мажи ОН приходи фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.