Browsing: СПОРТ

„Црвено-жолтите“ ја совладаа Турција со 26:25 и го презедоа врвот во групата 3 во квалификациите за завршниот турнир во Шведска, Австрија и Норвешка во јануари догодина. До крајот на циклусот уште и мечот со Грција на 16 јуни во Струмица

Договорот е потпишан на две години, соработката почнува во летниот период и со него ќе се влезе во мисијата за одбрана на тронот во еминентното клупско натпреварување на ЕХФ, но и во регионалната СЕХА лига и домашното првенство во сезоната 2019/20

По Полска, бодови од Скопје однесе и Австрија која вечерва славеше со 4:1 во четвртото коло во групата Г. Двапати Арнаутовиќ, по еднаш за Австријците погодија Лазаро и Лајмер со помош на Бејтулаи, почесниот за „црвено-жолтите“ беше дело на Хинтерегер. Наредниот меч за македонскиот националниот тим е во Израел на 5 септември

Шпанецот во финалето го совлада Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1 за испишување на нова страница во историјата на „белиот спорт“. Тој е прв натпреварувач со 12 победи на еден турнир во машка и во женска конкуренција

Поради големиот број на уапсени, во функција за нивни превоз беа ставени неколку стари автобуси на ЈСП, а сите го минаа денот и ноќта во полициските станици во Карпош, во Гази Баба, во Кисела Вода и во Ѓорче Петров. Претпладнево беа изведени пред судија за прекршоци по што ќе бидат познати и казните кои може да бидат парични, но да бидат изречени и времени мерки за влез во земјата

Полска славеше вечерва на националната арена „Тоше Проески“ со 1:0. Погодокот на Камил Глик од 47. минута беше доволен за победникот во дерби мечот од третото коло во групата Г. Веќе во понеделник во Скопје ќе гостува и селекцијата на Австрија