Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЕП 2020: БиХ ја испушти Италија, Германија ја распарчи Естонија

0
By Нова ТВ on June 11, 2019 СПОРТ
Фото: loopcayman.com/AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2019 23:49

Ниту најдоброто издание на фудбалската репрезентација на БиХ во квалификациите за ЕП 2020 не беше доволно за триумф против Италија во Торино. Избраниците на Роберт Просинечки одлични тргнаа на „Јуве арена“ и поведоа по прекрасната акција и погодокот на Един Џеко во 32. минута, но „азурите“ успеаја до пресврт во вториот дел за максимален учинок во циклусот по четири одиграни натпревари.

Лоренцо Инсиње ја искористи лошо поставената одбрана на „змаевите“ по корнерот на Бернардески во 49. минута и со прецизен волеј го матира Ибрахим Шехиќ за 1:1. Играчот на Наполи учествуваше како асистент за победоносниот гол за домашната селекција што го постигна Марко Верати во 86. минута.

Германија, пак, бесмилосно ја „распарчи“ Естонија со 8:0 во меч од групата Ц. По два гола на „Опел арена“ во Мајнц постигнаа Марко Ројс (10’ и 37’) и Серж Гнабри (17’ и 62’), по еден додадоа Леон Горецка (20’), Илкај Гундоган од пенал (26’), Тимо Вернер (79’) и Лирој Сане (88’).

Изненадување на вечерта приреди репрезентацијата на Ерменија која славеше над Грција, на стадионот „Спирос Луис“ во Атина, со 3:2. Меѓу стрелците за гостинскиот тим и екс вардарецот Тигран Барсегјан кој погоди во 74. минута, откако мрежата на Влаходимос ја тресеа и Александер Карапетјан во 8. минута и Геворг Газарјан во 33. минута. Зека во 54. минута и Константинос Фортунис во 87. минута беа стрелци на головите за Грција.

Квалификации за ЕП 2020

Група Ц

Германија – Естонија 8:0

Белорусија – Северна Ирска 0:1

Табела: Северна Ирска 12 бода (4 меча), Германија 9 (3), Холандија 3 (2), Белорусија 0 (4), Естонија 0 (3).

Група Е

Унгарија – Велс 1:0

Азербејџан – Словачка 1:5

Табела: Унгарија 9 бода (4 меча), Словачка 6 (3), Хрватска 6 (3), Велс 3 (3), Азербејџан 0 (3).

Група Х

Албанија – Молдавија 2:0

Исланд – Турција 2:1

Андора – Франција 0:4

Табела: Франција 9 бода (4 меча), Турција 9 (4), Исланд 9 (4), Албанија 6 (4), Молдавија 3 (4), Андора 0 (4).

Група И

Белгија – Шкотска 3:0

Русија – Кипар 1:0

Казахстан – Сан Марино 4:0

Табела: Белгија 12 бода (4 меча), Русија 9 (4), Казахстан 6 (4), Шкотска 6 (4), Кипар 3 (4), Сан Марино 0 (4).

Група Ј

Италија – БиХ 2:1

Грција – Ерменија 2:3

Лихтенштајн – Финска 0:2

Табела: Италија 12 бода (4 меча), Финска 9 (4), Ерменија 6 (4), Грција 4 (4), БиХ 4 (4), Лихтенштајн 0 (4).

Германија ЕП 2020 квалификации фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.