Browsing: СПОРТ
Покрај летонскиот џин кој воедно е најдобар десен бек, во идеалниот тим на завршниот турнир влегоа и Дејан Милосављев (голман), Тимур Дибиров (лево крило) и Стојанче Стоилов (пивот)
По двете победи во осминафиналето во Лигата на шампиони (27:18 и 32:30), „црвено-црните“ подобри од ППД Загреб и на неутрален терен, во Брест, Белорусија, со 26:23 за петта победа во регионалното ракометно натпреварување што ја засени тешкиот пад и повреда на германскиот интернационалец во ростерот на Гарсија Парондо. Во меч за третото место, Мешков Брест го совлада Нексе со 24:19
По вчерашните 93:71, словенечкиот состав вечерва ги порази „металците“ со 95:72 (по четвртини: 25:20, 18:13, 25:14, 27:25) за водство од 2:0 во серијата „подобар од пет“ што се сели во македонската престолнина каде во четврток (18 ч.) е планирана третата средба
„Црвено-црните“ дофатија ново финале во регионалното ракометно натпреварување по триумфот над Мешков Брест со 25:23 (полувреме 14:10) во второто полуфинале на Фајналфор турнирот во Белорусија. Претходно ППД Загреб ја доби хрватската пресметка со Нексе со 28:23. Мечот за титулата е утревечер од 19 часот
Словенечкиот тим убедливо го порази македонскиот претставник со 93:71 (по четвртини: 28:19, 25:19, 23:16, 17:17) во Копер каде ќе се одигра и вториот меч (вторник, 20 ч.)
Тоби Алдервејрелд ја смести топката во сопствената мрежа на што кумуваше и Уго Лори со лошата интервенција во финишот на средбата за триумф на „црвените“ на „Енфилд роуд“ со 2:1 кои сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе
Поранешниот светски рекет број еден во финалето на Мастерсот во Мајами славеше над Џон Изнер сио 6:1, 6:4 за четврти трофеј на турнирот, 28. во серијата
Актуелниот светски првак во Формула 1 ги искористи неприликите на Леклер во финишот на трката, го презеде водството и рутински ја запиша првата победа во сезоната пред клупскиот колега Валтери Ботас и младиот пилот од Монако. Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 14 април во Шангај за ГН на Кина
Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година понесе бронза од шпанска Гвадалахара во категоријата до 60 килограми по триумфот над Романецот Флорин Гоголоси со 3:2 во борбата за трето место
„Црвено-црните“ и во реваншот го совладаа хрватскиот противник со 32:30 за потврда на оние 27:18 од првата средба во загрепска арена во минатиот викенд. Нареден ривал на вардарци ќе биде подобриот од двомечот ПИК Сегед – Висла Плоцк
Во финалето на Флорида, младата тенисерка славеше над Каролина Плишкова со 7:6, 6:3 и од понеделник ќе биде првата Австралијка во топ 10 на светската ранг листа по Саманта Стосур во 2013 година
Македонската фудбалска репрезентација е последната во екипните спортови што забележа настап на меѓународна сцена како претставник на земја што во ФИФА и УЕФА е заведена како ФИР Македонија. Машката ракометна репрезентација, пак, се чини ќе биде прва во екипна конкуренција што во двомечот со Исланд за ЕП 2020 ќе претставува земја заведена како Северна Македонија во пописот на ИХФ и ЕХФ