По крунисувањето на Вардар и распределбата на медалите во СЕХА лигата за сезоната 2018/19, распределени се и позициите во идеалниот тим на завршниот турнир во регионалното ракометно натпреварување. Пола од признанијата им припаднаа на играчи на старо-новиот шампион. За најкорисен на Фајналфорот или популарно МВП е прогласен Даинис Кристопанс кој воедно е избран и за најдобар десен бек.

Најдобар голман е вардарецот Дејан Милосављев, најдобро лево крило е Тимур Дибиров, а пивот – Стојанче Стоилов. Вицешампионот ППД Загреб со двајца претставници во идеалната седморка – Дамир Бичаниќ како лев бек и Златко Хорват како десно крило. Со прикажаните игри на завршниот турнир, позицијата среден бек ја резервира Сандро Обрановиќ од Мешков Брест. Неговиот клупски колега, Павел Хорак, пак, е промовиран во најдобар дефанзивец.