Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загреб преслушан и во Скопје: Вардар со нова победа до четврт-финале во ЛШ

0
By Нова ТВ on March 30, 2019 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2019 21:51

Вардар со нова победа над ППД Загреб се проби до четврт-финале во ракометната Лига на шампиони. „Црвено-црните“ и во реваншот го совладаа хрватскиот противник со 32:30 за потврда на оние 27:18 од првата средба во загрепска арена во минатиот викенд.

Европскиот првак од 2017 година беше преголем залак за континенталниот шампион од 1992 година и финалист во еминентното натпреварување на ЕХФ во 1997 година, во 1998 година и во 1999 година (сите три порази од моќната Барселона). Вардарци без проблеми ги одработија и возвратните 60 минути пред своја публика и сосема заслужено се меѓу најдобрите осум во ЛШ, фаза во која ќе играат со победникот од двомечот ПИК Сегед – Висла Плоцк.

Тренерот Роберто Гарсија Парондо остана на зборот дека ќе даде минутажа на сите ракометари во ротацијата, а во листата на стрелци не успеа да се впише само Бразилецот Рожерио Фереира Мораеш и голманите Гедбане и Милосављев.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Иван Чупиќ со девет гола, четири додаде Тимур Дибиров, Игор Карачиќ реализира три додека противничката мрежа во двапати ја погодуваа Сташ Скубе, Глеб Калараш, Сергеј Горбок, Данил Шишкарев, Вуко Борозан и Дмитри Киселев. Прв стрелец во реваншот, пак, беше гостинскиот играч Златко Хорват со 11 погодоци.

Ова беше трета победа на Вардар над Загреб во четвртиот меѓусебен дуел во оваа сезона. Покрај двете во осминафиналето во ЛШ, „црвено-црните“ ги поразија „плинарите“ на домашен терен и во СЕХА лигата. Двете екипи ги чека и судир во полуфиналето на Фајналфор турнирот во регионалното натпреварување на 2 април во Брест, Белорусија. За место во финалето ќе играат и Мешков против Нексе. Мечот за титулата е на 3 април.

Лига на шампиони/осминафинале

Реванш мечеви

Вардар – ППД Загреб 32:30 (прв меч 27:18)

Нант – Рајн Некар Левен 30:27 (32:34)

Веспрем – Спортинг Лисабон 35:29 (30:28)

Виве Кјелце – Мотор Запорожје 34:29 (33:33)

Вардар Лига на шампиони Осминафинале ППД Загреб ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.