Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Тотенхем со автогол во 90. минута го врати Ливерпул на врвот на табелата

0
By Нова ТВ on March 31, 2019 СПОРТ
Фото: premierleague.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 31, 2019 22:30

Фудбалерите на Ливерпул можеби на моменти беа подобри и поконкретен, а на моменти побрз и поодлучни од Тотенхем во дербито на 32. коло во англиската Премиерлига, но имаа и луда среќа во финишот на средбата. Победија со 2:1 со автоголот на Тоби Алдервејрелд на што кумуваше и лоша реакција на голманот Уго Лори и се вратија на врвот на табелата со два бода повеќе од Манчестер сити меѓутоа и натпревар повеќе од „граѓаните“ на Пеп Гвардиола.

Стадионот „Енфилд роуд“ и воопшто градот на славните Битлси е на нозе. Дел симпатизерите на „црвените“ веруваат дека среќата ги следи храбрите, а денешната победа е знак дека, конечно, е дојдено време за прослава на 19 шампионска титула, прва по 1990 година. „Спарси“, пак, го доведоа во прашање пласманот во Лигата на шампиони, откако веќе петти меч не знаат за триумф во домашното натпреварување (четири порази и реми).

Тотенхем важеше за најтешка пречка за Ливерпул во финишот на сезоната. Во преостанатите шест меча ќе гостуваат на Саутемптон, на Кардиф и на Њукасл и ќе играат пред своја публика против Челзи, против Хадерсфилд и во последното коло против Вулверхемптон.

Распоредот, пак, на Манчестер сити до крај на сезоната е следен – на „Етихад“ ќе допатуваат Кардиф, Тотенхем и Лестер, а составот на Гвардиола ќе гостува на Кристал Палас, на Манчестер јунајтед, на Барнли и на Брајтон.

Премиерлига, 32 коло

Ливерпул – Тотенхем 2:1

Кардиф – Челзи 1:2

Вест Хем – Евертон 0:2

Брајтон – Саутемптон 0:1

Барнли – Вулверхемптон 2:0

Кристал Палас – Хадерсфилд 2:0

Лестер – Борнмут 2:0

Манчестер јунајтед – Вотфорд 2:1

Фулам – Манчестер сити 0:2

Арсенал – Њукасл (понеделник, 21 ч.)

Табела: Ливерпул 79, Манчестер сити 77 (-1), Тотенхем 61 (-1), Манчестер јунајтед 61 (-1), Арсенал 60 (-2), Челзи 60 (-1), Вулверхемптон 44 (-1), Лестер 44, Евертон 43, Вотфорд 43 (-1), Вест Хем 42, Борнмут 38, Кристал Палас 36 (-1), Њукасл 35 (-1), Брајтон 33 (-2), Саутемптон 33 (-1), Барнли 33, Кардиф 28 (-1), Фулам 17, Хадерсфилд 14.

Ливерпул Премиерлига Тоби Алдервејрелд Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.