Browsing: СПОРТ

Сасуоло ја доби голеадата против Џенова на домашен терен со 5:3 и остана веднаш зад Јувентус на врвот на табелата во италијанското првенство. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше во почетниот тим кај гостите, одигра цел натпревар и во листата на стрелци се впиша во 70. минута за намалување на 5:2 во тие моменти

Шпанецот по три часа и 22 минути игра го совлада Басилашвили од Грузија со 6:3, 6:3, 6:7, 6:4, Австриецот, пак, го елиминира петтиот носител, Кевин Андерсон со 7:5, 6:2, 7:6. Серена Вилијамс и Каролина Плишкова ја формираа првата четвртфинална двојка кај дамите

Белгискиот репрезентативец беше двоен стрелец во триумфот на „црвените ѓаволи“ со 2:0 во четвртото коло во англиската Премиерлига. Голем пресврт на Вотфорд во мечот со Тотенхем за конечен триумф со 2:1

Розенборг славеше со 2:0 и на арената „Филип Втори“ со головите на Ховланд во 67. минута и на Региниусен во 84. минута, откако Бесарт Ибраими во 20. минута и Изаир Емини во 49. минута не успеаја да го совладаат гостинскиот голман

„Кралевите“ ќе почнат со одбрана на тронот низ Г конкуренцијата во друштво на Рома, на московска ЦСКА и на Викторија Плзен од Чешка. Новата сезона во Лигата на шампиони ќе започне на 18/19 септември за кога се закажани мечевите од првото коло по групи.

Швајцарецот со 6:2, 6:2, 6:4 го елиминира Нишиока, Србинот беше подобар од Мартон Фусовиц од Унгарија додека Давид Ферер поради повреда на раката го предаде мечот со Рафаел Надал при резултат 6:3, 3:4. Романката Халеп, пак, се впиша во неславна историја на турнирот како прва тенисерка што отпатувала во Њујорк како водечка на ВТА листата, а не успеала преку првото коло. Подобра од неа беше Естонката Каја Канепи со 6:2, 6:4

Осумгодишниот син на португалската фудбалска звезда го одработи првиот тренинг со У9 тимот на „бјанконерите“ во Академијата во Торино во друштво има во Матео Барзалји, син на дефанзивецот на „старата дама“, Андреа Барзалји и во Давиде Маркизио, син на Клаудио Маркизио

„Модртите“ загубија на „Максимир“ од Јанг Бојс со 1:2, унгарскиот состав ремизира во реваншот со АЕК (1:1), но поради триумфот со 2:1 во првата средба, грчкиот претставник ќе биде дел од европската клупска елита во сезоната 2018/19

Пливачите во моментот се наоѓаат во близина на Љубаниште, а 25 километарската патека „Климе Савин“ се очекува да ја завршат некаде после 16 часот и 30 минути на градското пристаниште