Дваесет и девет учесници напладне стартуваа на 32. Охридски пливачки маратон. Пливачите во моментот се наоѓаат во близина на Љубаниште, а 25 километарската патека „Климе Савин“ се очекува да ја завршат некаде после 16 часот и 30 минути на градското пристаниште.

Официјален стартер на трката беше единаесеткратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија.

Македонија ја претставуваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.