Рафаел Надал и Доминик Тим ја формираа првата четвртфинална двојка на Ју-Ес опен. Шпанецот во четири сета и по три часа и 22 минути игра го елиминира Грузиецот Басилашвили со 3:1 (6:3, 6:3, 6:7, 6:4), Австриецот, пак, го совлада петтиот носител, Кевин Андерсон со 3:0 (7:5, 6:2, 7:6).

Меѓу осумте најдобри на гренслемот во Њујорк се пласира и Американецот Џон Изнер кој во пет сета славеше над Милош Раониќ од Канада со 3:6, 6:3, 6:4, 3:6, 6:2. Негов нареден ривал ќе биде подобриот од аргентинско-хрватскиот дуел на Хуан Мартин дел Потро и Борна Чориќ.

Познати се и три четвртфиналистки на кај дамите. Серена Вилијамс во четвртото коло ја елиминира Естонката Каја Канепи со 6:0, 4:6, 6:3, Каролина Плишкова без особени проблеми излезе на крај со Австралијката Ешли Барти (6:4, 6:4), а изненадување приреди Анастасија Севастова од Летонија која со 6:3, 1:6, 6:0 ја порази Елина Свитолина.

Серена Вилијамс во четврт-финалето ќе игра против Плишкова, а Севастова со победничката од мечот меѓу Белгијката Елис Мертенс и Слоун Стивенс од САД.

Ју-Ес опен, осминафинале

Мажи

Надал (1., Шпанија) – Басилашвили (Грузија) 6:3, 6:3, 6:7, 6:4

Тим (9., Австрија) – Андерсон (5., Ј. Африка) 7:5, 6:2, 7:6

Изнер (11., САД) – Раониќ (25., Канада) 3:6, 6:3, 6:4, 3:6, 6:2

Жени

Ка. Плишкова (8., Чешка) – Барти (18., Австралија) 6:4, 6:4

С. Вилијамс (17., САД) – Канепи (Естонија) 6:0, 4:6, 6:3

Севастова (19., Летонија) – Свитолина (7., Украина) 6:3, 1:6, 6:0