Browsing: СПОРТ
„Црвено-жолтите“ пропуштија одлична прилика за преземање на лидерската позиција на табелата во групата Ф во квалификациите за ЕП 2019. По триумфот во Будимпешта со 3:2, дојде пораз на домашен терен пред двомечот со Швајцарија на 22 август во Скопје и на 25 август во
Една од главните цели што се поставени пред Словенецот е пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. За ангажманот во Багдад ќе има годишна плата од 1,2 милиони долари или вкупно 3,6 милиони долари за сиот период од договорот. Негов ривал за клупата на ирачкиот национален тим беше Швеѓанецот Свен Јеран Ериксон
Воведните 90 минути од македонско-норвешкиот двомеч ќе се одиграат на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм на 23 август, реваншот е на 30 август на арената „Филип Втори“ во Скопје
Две третини од делегатите на Годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација се изјаснија позитивно по новиот проект. Завршниот турнир е планиран од 18 до 24 ноември во Мадрид или во Лил и во него ќе учествуваат 18 селекции.
Кандидатот за наследник на Илчо Ѓорѓиоски од ОФС Кавадарци е единствениот што, според членовите на комисијата, ги исполнувал општите и посебниот услов од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија. Останатите тројца кандидати – Влатко Костов (ОФС Тетово), Вујадин Станојковиќ (ОФС Куманово) и Харалампие Хаџи-Ристески (ОФС Неготино и ОФС Ресен) се одбиени бидејќи не го исполнувале посебниот услов за кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија утврден со член 91 став 1 од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија“. Сите тројца имаат право на жалба во рок од три дена
Реализаторско шоу на Иван Тричковски во дресот на АЕК Ларнака, гол и на Даниел Аврамовски за љубљанска Олимпија. Кипарскиот тим…
Тимот на Диего Симеоне го совлада европскиот шампион со 4:2 по продолженија (2:2 во основните 90 минути) и по третпат во клупската историја го подигна пехарот по 2010 година и 2012 година
Белорусинката лани го пропушти гренслемот во Њујорк поради борба за старателство врз нејзиното дете, Русинката, пак, беше елиминирана уште во второто коло од Куруми Нара додека Швајцарецот се рехабилитира по операцијата на повреденото колено
Тениските авторитети со желба за воведување турнирски мундијал по урнек на фудбалот, на кошарката, на ракометот, на одбојката, на ватерполото. И тоа на сметка на натпреварување што со 118 години зад себе е едно од најстарите спортски настани во светот. Новиот проект ќе биде ставен на гласање пред 147. членки на годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација што е закажано за четврток (16 август) во Орландо, САД
Конечни 3:2 за „црвено-жолтите“ (25:23, 25:23, 23:25, 23:25, 16:14) за огромен исчекор кон завршниот турнир во септември догодина што заеднички ќе го организираат Франција, Словенија, Холандија и Белгија. Во сабота во СРЦ „Кале“ од 20.30 ч. гостува Украина во второто коло во групата Ф
По убедливите 3:0 на „Ред Бул“ арена во првата средба, австрискиот првак го совлада македонскиот со 1:0 и во реваншот во Скопје за продолжување на патот кон клупската елита на стариот континент. Стрелец на единствениот гол на „Филип Втори“ вечерва беше Андре Рамалјо во 90’+2’ минута. Простор за очајување нема од причина што тетовци ги очекува бараж двомеч со подобриот од Рознеборг и Корк Сити за групна фаза во УЕФА Европа лигата
Двократниот шампион во летечкиот циркус објави дека 2018 година е последна во неговата кариера