Browsing: СПОРТ

„Росонерите“ се обврзаа на Јувентус да му исплатат 18 милиони евра, но презедоа и обврска да го откупат неговиот договор по завршување на сезоната 2018/19 за двојно поголема сума. Аргентинецот на „Сан Сиро“ ќе има годишна плата од седум и пол милиони евра колку што заработуваше и во Торино

Безживотното тело на нордијката, чие исчезнување беше пријавено синоќа, беше лоцирано утрово на островот Света Хелена во областа Арендал во југоисточна Норвешка. Според првичните полициски претпоставки, случајот упатува на несреќа со оглед дека во непосредна близина е пронајден и скутерот

Ѕвездата на „кариоките“ и на ПСЖ седна на маса со почетен депозит од 1.877 долари и стигна до финалето како еден вид утеха кога веќе не успеа со фудбалската репрезентација на Бразил на Светското првенство во Русија

Ели Сутер важеше за една од најталентираните спортистки во Обединетото Кралство. На зимскиот олимписки фестивал во Турција во 2017 година се закити со злато што дополнително ги подгреа надежите на нацијата за успех на наредните зимски олимписки игри во 2022 година

Калчолигашот имаше водство од два гола што претставникот на БиХ успеа да го анулира во само пет минути во второто полувреме (67’ и 72’) за големи 2:2 пред реваншот на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“. Македонскиот интернационалец, кој е капитен на „бордо“ тимот“ ги одигра сите 90 минути на гостувањето во Реџо Емилија

Новата трка за „Скудето“ започнува на 18 август и ќе трае до 26 мај догодина. Првата полусезона ќе финишира на 29 декември, втората ќе почне на 20 јануари. Улогата на бранител на титулата ја има „старата дама“, овојпат драстично засилена со ангажманот на Кристијано Роналдо

„Кариоките“ беа елиминирани од Белгија во четврт-финалето на мундијалот во Русија, но очигледно тоа не се одрази врз неговото работно место во националниот тим на чие кормилото ќе остане до Светското првенство во Катар

Рома се подготвуваше за дочек на бразилскиот напаѓач кога одеднаш се случи неочекуван пресврт. По неговиот потпис во последен момент се вклучи Барселона, понуди пет милиони евра повеќе од 36-те на италијанскиот клуб и го привлече во своите редови

Тетовци вечерва на „Филип Втори“ арената го совладаа молдавскиот првак со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Бесарт Ибраими од слободен удар во 24 минута. Реваншот е во вторник во Тираспол. Победникот од двомечот во третото коло за ЛШ на мегдан со Салцбург, поразениот оди во третото квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник ќе го има подобриот од средбите меѓу исландски Валур и Санта Колома од Андора