Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палота до Барса за „кражбата“ на Малколм: Дајте ни го Меси и квит сме

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 26, 2018 20:42

Фудбалскиот трансфер на Малколм од Бордо на прва беше мирен и не привлече особено внимание. За него беше заинтересирана Рома, двата клуба постигнаа договор за купопродажба, Бразилецот со една нога беше во Рим, откако ги усогласи и личните услови со „волчицата“ чиј спортски директор Мончи беше во постојан контакт со менаџерот на напаѓачот. Римјаните се подготвуваа за дочек на новиот член на „џалоросите“ кога одеднаш се случи неочекуван пресврт. По неговиот потпис во последен момент се вклучи Барселона, понуди пет милиони евра повеќе од 36-те на италијанскиот клуб и го привлече во своите редови.

Во Рома никако не можат да се помират со расплетот на ситуацијата. Особено бесен е претседателот Џејмс Палота кој „испали“ обвинувања на адреса на Каталонците за кои рече дека „се однеле неморално“.

„Барселона се однесе неморално. На денот во кој Малколм требаше да потпише за нас, директорот Мончи беше на линија со менаџерот, и се беше договорено за реализација на трансферот. И луѓето од Бордо може да го потврдат тоа. Се јавија од Барселона да се извинат, но јас не прифаќам извинување. Единствен начин да биде примено е да ни го пратат Лионел Меси“, порача Палота.

Малколм е дете на Коринтијанс чиј член беше од 2008 година. Една сезона (2014/15) мина и во сениорската екипа на бразилскиот лигаш и во 51 настап постигна седум гола. Изминатите две беше во дресот на тимот на Бордо за кој погоди 20 пати во 84 меча, а од претстојната ќе тресе противнички мрежи за Барселона.

Барселона Малколм Рома фудбал Џејмс Палота
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.