Browsing: СПОРТ

Аргентинецот го симна Андерс Иниеста од вечната листа на најтрофејни играчи по триумфот на Каталонците над Севилја со 2:1 во шпанскиот Суперкуп. Последниот освоен пехар е негов 33. во 13. години колку што е дел од шпанскиот гигант, период во кој освои девет шампионски пехари во Примера, осум во Суперкупот на Шпанија, шест во Купот на Шпанија, четири во Лигата на шампиони и по три во европскиот Суперкуп и на Светското клупско првенство

Баварците го декласираа Ајнтрахт во Суперкупот со 5:0 и тоа на неговиот стадион во Франкфурт. Главна ѕвезда на тревникот беше Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец го постигна првиот хет-трик во историјата на натпреварот

„Граѓаните“ славеа на „Емирати“ со 2:0 и најавија дека одбраната на титулата е нивни врвен приоритет во новата сезона. Ливерпул ја забележа 500. победа во Премиерлигата во мечот со Вест Хем (4:0)

Довчерашниот тренер на Ренова е прв и засега единствен кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски во македонската Куќа на фудбалот. Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на ФФМ, со одлука на УО од 31 јули, е закажана за 1 септември

„Црвените ѓаволи“ го совладаа Лестер со 2:1 во увертирата на новата сезона. Погба во третата минута од пенал и Лук Шо во 83. минута погодија за тимот на Жозе Мурињо, Варди го постигна единствениот за „лисиците“ во судиското надополнување