Browsing: СПОРТ

Домаќинот на ЕП подобар од неговиот источен сосед со 32:22. Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек беа први стрелци со составот на Лино Червар со шест погодоци колку што постигна и Петар Ненадиќ за поразената репрезентација. Во тимот на Јовица Цветковиќ, кој се загуби во второто полувреме, се истакна уште Немања Зеленовиќ со пет гола. Франција подобра од Норвешка со 32:31 во дербито на групата Б. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во воведниот настап на континенталниот турнир

Исланѓаните со 26:24 ја добија скандинавската пресметка со Шведска во рамки на групата А во Сплит додека Белорусите беа за гол подобри од Австрија (27:26) во Пореч. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во премиерниот настап на 13. континентален турнир

„„Старата дама“ го совлада Калјари на Сардинија со 1:0 во последниот меч од 20. коло, нејзиниот менаџер пак, го запиша 200. триумф во конкуренцијата и 100. на клупата на италијанскиот шампион, но мораше предвреме да ги менува повредените Паоло Дибала и Сами Кедира

Бразилецот потпиша пет и пол годишен договор со Каталонците според кој ќе заработува 14 милиони евра. Откупната клаузула за него е 400 милиони евра. Поплатен од него на „Камп Ноу“ ќе биде само Лионл Меси. Се огласи и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој призна дека ниту тој ниту управата на клубот не можел да сторат ништо за задржување на напаѓачот

Португалецот го зададе решавашкиот удар во последното вербално препукување со италијанскиот колега и го наврати на четиримесечната суспензија што актуелниот менаџер на Челзи ја доби во сезоната 2012/13 бидејќи не сторил ништо да спречи лажирање на резултат како тренер на Сиена