Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет најскап фудбалски трансфер: Кутињо во Барса за 160 милиони евра

0
By Нова ТВ on January 6, 2018 СПОРТ
Фото: fcbarcelona.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 6, 2018 23:22

Заврши трансфер сагата на Филипе Кутињо. Откако одби да патува со екипата на Ливерпул во Дубаи на мини-подготовки за мечот со Манчестер сити во Премиерлигата, Бразилецот потпиша пет и пол годишен договор со Барселона за 160 милиони евра што го прават трет најскап фудбалер на сите времиња. Рекордот засега го држи Нејмар за кого ПСЖ летоска издвои 222 милиони евра. И вториот трансфер по вредност е на „светците“ од Париз кои го ангажираа Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

При објавување на веста за успешно завршување на зделката, Каталонците истакнаа и дел од личните финансиски детаљи на бразилскиот интернационалец. Откупната клаузула во договорот е со сума од 400 милиони евра, а годишно ќе инкасира по 14 милиони евра, па произлегува дека само Лионел Меси ќе биде поплатен од него на „Камп Ноу“.

Кутињо беше блиску до трансфер во Барселона и во летниот преоден рок, но Ливерпул ги одбиваше понудите на Каталонците. Управата и стручниот штаб овојпат беа немоќни да спречат заминување на напаѓачот кој на „Енфилд“ мина пет години. Претходно играше за Васко да Гама, за Еспањол и за Интер.

Клоп: Не можевме ништо да сториме, негов детски сон е да заигра за Барселона

Ливерпул се надеваше дека ќе успее да го задржи Кутињо барем до крајот на сезоната. Но, Барселона беше конкретна и упорна и испрати понуда што тешко се отфрлаше. Го призна тоа и Јирген Клоп во огласувањето по трансферот на Бразилецот кого го нарече „одличен фудбалер, добар пријател и прекрасна личност“.

„Не е никаква тајна дека сакаше да се пресели во Шпанијаа уште летоска кога Барселона за првпат искажа интерес. Беше упорен во желбата во разговорите со мене, со соиграчите и со управата на клубот. Во таква ситуација не можете ништо да сторите“, изјави Клоп за официјалната интернет страница на Ливерпул.

Новонастанатата ситуација налага потреба од ангажман на Ливерпул во потрагата по замена за Кутињо. Медиумите во Англија веќе почнаа со шпекулациите дека на место на Бразилецот на „Енфилд“ би можеле да пристигнат Томас Лемар од Монако или Ријад Марез од Лестер.

„Ливерпул стори се што можеше да го задржи Кутињо. Но, негов сон од детството е да заигра за Барселона и не само негов туку и на целата негова фамилија. Нам ни останува да се бориме и да не дозволиме ова да влијае врз екипата“, им порача германскиот менаџер на клупските фанови.

По 22 кола во Премирлигата, Ливерпул е на четвртото место на табелата со 44 бода, 18 помалку од Манчестер сити на лидерската позиција.

Барселона Јирген Клоп Ливерпул Филип Кутињо фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.