Browsing: СПОРТ
По вчерашниот од Бразил (19:32) во првото коло, попладнево избраничките на селекторот Симе Симовски загубија и од домашната селекција на Романија со 18:31. Утре од 13 часот, македонските ракометарки ќе играат и против Полска во последниот настап на турнирот во Крајова
Вицепрвакот од ланската сезона и актуелен лидер во тековната го совлада градскиот ривал со 6:1 и со овие три бода, многу веројатно, ќе презими на првото место на табелата во домашниот фудбалски шампионат. По двапати погодија Ибраими и Хасани, по еднаш Жуниор и Шефити, полесниот за номиналните домаќини беше дело на Мишковски
Ѕвездта на Кливленд забележа 22 коша, 14 скока, 13 асистенции во тесниот триумф над Шарлот (100:99). Голден Стејт, пак, ги декласира булси со 143:94, бекот шутер на вориорси само во втората четвртина постигна 26 поени
Италијанецот ја одби примамливата понуда од Ријад за водење на националниот тим на претстојното СП 2018. Неговото име се поврзува со кормилото на „азурите“ по разделбата со Џанпјеро Вентура
„Армејците“ во последниот меч од деветтата рунда ја совладаа Уникаха во Малага со 89:80 за седма победа во сезоната колку што има има и тимот од Пиреја по победата (86:85) над Милано. Панатинаикос, пак, во Атина подобар од „кралевите“ со 82:80
Европскиот шампион ја порази Белорусија со 87:74, српските репрезентативци уживаа поддршка и од Новак Ѓоковиќ во победата над Австрија со 85:64, голема победа на БиХ над Русија, во легендарната „Скендерија“, со 81:76. Холандија ја шокира Хрватска во Алмере со 68:61, а Шпанија се оправда како фаворит против Црна Гора (79:66). Најубедлив триумф на стартот забележа Литванија над Косово (99:61)
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец и носител на „Златната топка“ од 2001 година се пронајде во ново хоби. Кариерата ја заврши во 2013 година во екипата на Стоук, по повлекувањето од зелените терени е повремено ангажиран како аналитичар во емисии посветени на Премиерлигата, а според пишувањата во англиските медиуми негова нова страст се коњите. Неодамна дебитира како џокеј во хуманитарна трка во Ескот во која со грлото „Калдер Принс“ го освои второто место
Давид Гофан во воведниот меч го совлада Лук Пуј со 3:0 (по сетови: 7:5, 6:3, 6:1), а за израмнување на „триколорите“ се погрижи Жо Вилфред Цонга кој со идентичен резултат го порази Стив Дарсис (по сетови: 6:3, 6:2, 6:1)
Во меч од првото коло на силниот меѓународен турнир во Крајова, избраничките на селекторот Симе Симовски беа убедливо поразени од Бразил со 19:32 (13:16)
Фудбалерите на Вардар запишаа нов, петти, пораз во дебитантското учеството во групната фаза во Лига Европа. Освојувачот на УЕФА купот и Суперкупот од 2008 го совлада македонскиот првак со 2:1 и остана на лидерската позиција во Л конкуренција и заедно со Реал Сосиедад осигура меѓународна пролет. „Црвено-црните“ на 7 декември во Скопје ќе играат против Розенборг во последното шесто коло
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги почна претквалификациите за ЕП 2021. Вечерва во Попрад, „црвено-црните“ триумфираа над Словачка со 74:66 и ширум го расчистија патот кон главната натпреварувачка фаза за континенталниот турнир по четири години
Поранешниот член на Реал Мадрид, на Милан, на Манчестер сити и краток период на Гвангжу Евергранде, а сега на Атлетико Минеиро, е прогласен за виновен за сексуален напад врз 22 годишна Албанка во дискотека во Милано во јануари во 2013 година