Browsing: СПОРТ

Италија, второпласирана во групата Г, за ривал ја доби Шведска, Северна Ирска ќе се пресмета со Швајцарија, додека Република Ирска против Данска за преостанатите четири слободни места од УЕФА фудбалската зона за СП 2018. Првите бараж мечеви се закажани од 9 до 11 ноември, реваншите од 12 до 14 ноември

Ракометен дијалог на теренот во „Ведигсбургхале“ во Ерфурт се водеше само во воведниот дел на средбата. Се останато беше ракометен монолог во продукција на „црвено-црните“ девојки кои не дозволија сензација налик на онаа од 2014 година и славеа со 29:21. Наредниот викенд вардарки му гостуваат на норвешки Ларвик

Русинката во финалето во Кина ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија со 7:5, 7:6. Поранешната прва дама на светскиот тенис имаше големи негативи во двата сета. Во првиот со 1:4, во вториот и со 1:5, но собра сили за пресврт и голема победа на крајот и за 36 трофеј во кариерата

Швајцарецот во финалето беше убедлив против големиот ривал Рафаел Надал и славеше со 6:4, 6:3 со што ја прекина низата од 16 победи на Шпанецот и се израмни на вечната листа со легендарниот Иван Лендл

Вардаровиот стратег изрази задоволство и гордост од триумфот на Вардар против Барселона со 27:24 во петтото коло во Лигата на шампиони. Притоа порача дека ова е само еден меч и нагласи потреба од фокусирање на продолжение на сезоната. Борозан беше најефикасен домашен ракометар со шест гола, Ривера, пак, воопшто на дербито со осум погодоци. „Црвено-црните“ во шестото коло ќе патуваат на мегдан на шведски Кристијанштад

Тимот од Автокоманда го совлада рускиот претставник со 32:26 во меч од петтото коло во Д конкуренцијата за втора победа во сезоната, прва на гостински терен. Халил Јагањац со девет гола беше најефикасен играч на средбата, шест додаде Жарко Пешевски колку и Санталов како прв стрелец кај поразената екипа

Шпанецот во полуфиналето славеше против Марин Чилиќ со 7:5, 7:6 во меч што траеше два часа и 12 минути за 16 победа во низа на АТП турот. За титула ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро

Континенталниот првак загуби од Уникаха на гостувањето во Малага со 68:67. Клучен за конечниот исход на средбата беше периодот од 31 минута до 38. во кој шпанскиот состав направи серија од 18:3. Последните девет секунди ги имаа момчињата на Жељко Обрадовиќ, но обидот за тројка на Костас Слукас заврши на обрачот наместо низ него

Шпанскиот ас, моментно водечки на АТП листата, за 63 минути го „реши“ Фабио Фоњини со 6:3, 6:1 за 14 триумф во низа и нареден дуел против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот, пак, остана 60 минути на централниот терен во Шангај колку што му требаа за елиминација на Александар Долгополов од Украина со 6:4, 6:2

Поранешниот фудбалер на Данди, на Абердин, на Манчестер јунајтед, на Лидс и на Ковентри го презеде кормилото во 2013 година, а се повлекува по неуспехот во квалификациите за СП 2018 во Русија во кои не успеа со националниот тим ниту до бараж преку групата Ф