Рафаел Надал е прв финалист на Мастерсот во Шангај. Шпанецот во полуфиналето славеше против Марин Чилиќ со 7:5, 7:6 во меч што траеше два часа и 12 минути за 16 победа во низа на АТП турот.

Најдобриот светски рекет во моментот во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро.

Надал досега го нема освоено Мастерсот во Кина, а доколку успее во тоа утре ќе значи и 76 турнирска победа во кариерата.