Роџер Федерер ја покори конкуренцијата на Мастерс турнирот од серијата 1000 во Шангај. Швајцарецот во финалето беше убедлив против големиот ривал Рафаел Надал и славеше со 6:4, 6:3 за 94 титула во кариерата, за прекинување на низата од 16 победи на Шпанецот и за израмнување на вечната листа со легендарниот Иван Лендл.

Кинеската пресметка на Федерер и Надал беше 38 меѓусебна на АТП турот. Рекордерот по бројот на освоени гренслем титули (19) сега има 15 победи (пет во серија) наспроти 23. на моментно водечкиот на ранг листата.

Надал и покрај поразот ќе остане светски рекет број еден, но Федерер со успехот во Шангај ја намали разликата и остана во игра за целосно да ја анулира до крај на сезоната.

АТП Мастерс 1000 во Шангај/награден фонд 5,924,890 милиони евра

Финале

Федерер (2., Швајцарија) – Надал (1., Шпанија) 6:4, 6:3