Browsing: СПОРТ
Осум меча, 28 гола. Одлична ефикасност донесе воведната вечер во елитното фудбалско друштво на УЕФА. Двата од шесте на Челзи против Карабаг се особено за око
Лондонските „сини“ го декласираа дебитантот во елитата со 6:0, париските „светци“, пак, во Глазгов ја понижија шкотската гордост Селтик со 5:0. Победи по 3:0 на Манчестер јунајтед, на Барселона и на Баерн Минхен. Рома може да биде среќна со ремито без голови против Атлетико Мадрид во Рим, Стефан Ристовски дебитира за Спортинг Лисабон во триумфот над Олимпијакос во Пиреја со 3:2
Менаџерот Јирген Клоп ќе мора без сенегалскиот напаѓач против Барнли и против Лестер во Премиерлигата и во еден натпревар во англискиот Куп. Едерсон, според информациите од таборот на „граѓаните“, го одработи денешниот тренинг и најверојатно ќе биде прва опција за тренерот Пеп Гвардиола во мечот со Феенорд во Лигата на шампиони
„Црвено-црните“ го совладаа Еурофарм Работник со 30:25 (полувреме 19:12) за петта титула во календарската 2017 година, прва во новата сезона, по СЕХА лигата, домашното првенство и национален Куп и ЕХФ Лигата на шампиони
„Фуријата“ во четврт-финалето ја совлада Германија со 84:72 (по четвртини: 16:19, 18:14, 31:20, 19:19) и за учество во мечот за титулата го чека подобриот од вечерашниот судир меѓу Словенија и Летонија од 20,30 часот
Со осумте вечерашни дуели во групите А, Б, Ц и Д стартува новата сезона во елитното фудбалско натпреварување на стариот континент. „Територијата“ ја брани екипата на Реал Мадрид кој, според Кристијано Роналдо, ќе има најголеми ривали во Баерн Минхен, Јувентус, ПСЖ и Барселона. Стефан Ристовски преку Спортинг Лисабон единствен македонски претставник
Напаѓачот на Ливерпул невнимателно стартуваше врз бразилскиот голман на Манчестер сити и заслужено беше исклучен во 37 минута од премиерлигашкото дерби на стадионот „Етихад“ во саботата
По четирите порази во исто толку одиграни мечеви во новата сезона, Холанѓанецот стана менаџер со најкраток стаж во екипа во историјата на Премиерлигата. Претходно не се прослави ниту во Интер, а британските медиуми пишуваат дека негов наследник на клупата ќе биде Рој Хоџсон
Македонскиот интернационалец потпиша едногодишен договор со „црвено-белите“ кои веста ја потврдија и преку својата интернет страница
Правда ќе дели Јакоб Келет (38) со асистенција од сонародниците Хенрик Ларсен и Хајне Соренсен крај аут линиите и Микел Тикгард и Јенс Мае зад головите. Ларс Рикс како четврти судија ќе биде задолжен за замените и екстра времето
Шпанскиот тенисер во финалето го порази Кевин Андерсон со 6:3, 6:3, 6:4 за трета титула на Ју-Ес, вкупно 16. на гренслем турнирите во неговата кариерата, но и убедливо водство на најновата АТП ранг листа
„Жолтата подморница“ беше во негатива по 11 минути игра на што одговори трикратно од 32 минута до 77 минута за конечен триумф над Бетис со 3:1. Баскијците со 2:0 ја совладаа Џирона