Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА Лига на шампиони: Европскиот крем тргнува во „кралски“ лов

0
By Нова ТВ on September 12, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2017 11:45

Реал Мадрид ја брани титулата и ќе атакува на трета во низа, Лионел Меси е на три гола до 100. во натпреварувањата на УЕФА, Икер Касилјас ќе игра 19 сезона, Лајпциг и Карабаг се дебитанти, Феенорд се враќа по пауза од 15 години, кам-бек на големата сцена и на Манчестер јунајтед. Ова се факти за најава на новата сезона на фудбалското шоу на стариот континент. Со вечерашните мечеви од А – Д сегментот почнува Лигата на шампиони.

„Секогаш е исто. Ние, Барселона, Јувентус, Баерн и ПСЖ. Четири од овие пет тима ќе играат во полуфинале“, коментира Кристијано Роналдо пред почетокот на возбудувањата.

Англиските клубови се како отпишани. Малкумина верваат дека некој премиерлигашки претставник би можел да ја освои тероторијата на која е главен Реал Мадрид во последните неколку сезони. И кај нив самите има отсуство на самодоверба. Надежи, сепак, се полагаат во Челзи и двата гиганта од Манчестер иако и Антонио Конте и Жозе Мурињо сметаат дека лондонските „сини“ и „црвените ѓаволи“ сè уште созреваат. Шампионската лига непочната, а Португалецот веќе почна со пецкање на сметка на Баерн и на Јувентус.

„Би сакал да ги видам во Премиерлигата. Тие цела пролет ја играат со резервен состав во своите првенства“, тврди „специјалниот“ кој додава дека секој има 10 отсто шанси пред стартот, некој повеќе некој помалку, но дека е тешко да се предвиди победникот.

Фокусот е на „Камп Ноу“ каде Барселона го дочекува Јувентус во дербито на вечерта. Во групата Д уште и пресметката на „Јоргос Караискакис“ стадионот во Атина каде Олимпијакос го пречекува Спортинг Лисабон со Стефан Ристовски, единствениот македонски претставник во ЛШ во оваа сезона.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе посака добредојде на Базел во рамки на групата А во која и Бенфика на својот „Луж“ ќе влезе во битка за први бодови против московска ЦСКА.

Андерлехт и Селтик на хартија важат за „топовско месо“ во групата Б во која ќе играат и Баерн и ПСЖ. Баварците во Минхен се апсолутни фаворити во дуелот со белгискиот состав, истото важи и за париските „светци“ со Нејмар и Мбапе кои ќе гостуваат на „Селтик парк“ во Глазгов.

Рома на „Олимпико“ ја очекува тешка задача со Атлетико Мадрид во Ц конкуренција што носи натпревар и на „Стемфорд бриџ“ меѓу Челзи и Карабаг. Уживајте.

Лига на шампиони – вечерва играат

Група А

Манчестер јунајтед – Базел (20,45 ч.)

Бенфика – ЦСКА Москва (20,45 ч.)

Група Б

Баерн Минхен – Андерлехт (20,45 ч.)

Селтик – ПСЖ (20,45 ч.)

Група Ц

Рома – Атлетико Мадрид (20,45 ч.)

Челзи – Карабаг (20,45 ч.)

Група Д

Барселона – Јувентус (20,45 ч.)

Олимпијакос – Спортинг Лисабон (20,45 ч.)

Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.