Browsing: СПОРТ

Скандинавската селекција славеше по продолженија со 86:84. Победничкиот кош беше дело на екс играчот на Партизан, Џамар Вилсон, на 26 секунди до крајот. Нандо де Коло промаши тројка за победа на „триколорите“. Италијанците им одржаа час по игра во дефанзива на Израелците

„Триколорите“ славеа со 4:0 против „лалињата“ за чија среќа и Шведска загуби од Бугарија во Софија со 3:2. Очекувани победи на Швајцарија, на Португалија и на Унгарија во групата Б. БиХ прокоцка 0:2 во Никозија и на крајот загуби од Кипар со 3:2. Хет-трик на Лукаку и Муние во убедливата победа на Белгија против Гибралтар со 9:0

По завршување на сезоната, 19 годишниот напаѓач ќе потпише договор со „светците“ до 2022 година и ќе биде втор најскап фудбалер во историјата. Тимот од Монте Карло догодина ќе добие 145 милиони евра и плус уште 35 милиони преку бонуси што богатите арапски газди ќе ги чини вкупно 180 милиони евра

Лацио се засили за тековната сезона со Португалецот Нани. Крилниот фудбалер пристигна во Рим како позајмен играч од екипата на Валенсија која само за отстапката ќе добие два милиона евра. Лацијалите, пак, ќе имаат право на откуп на неговиот договор со тимот од „Месталја“ наредното лето. На „Олимпико“ во Нани гледаат адекватна замена за Балде Кеита

Трансферот на досегашниот играч на Арсенал го потврдија и на „Енфилд“ без притоа да наведат финансиски детаљи од договорот освен дека е потпишан за неколку сезони. Медиумите во Велика Британија шпекулираат дека услугите на англискиот репрезентативец ќе ги чини „црвените“ околу 35 милиони фунти

Резултат вреден за одбележување направи и Денис Шаповалов кој го совлада осмиот носител Жо Вилфред Цонга со 6:4, 6:4, 7:6. Женскиот турнир во Њујорк продолжува без Каролина Возњацки и Доминика Цибулкова, пласман во третото коло осигураа Гарбиње Мугуруза, Венус Вилијамс, Петра Квитова и Марија Шарапова

Темпераментниот Австралиец ја загуби контролата врз себе во поразот од сонародникот Џон Милман со 6:3, 1:6, 6:4, 6:1, елиминиран и хрватскиот „бомбардер“ од Американецот Бјорн Фратанџело, најдобриот тенисер на БиХ се проби во второто коло преку Уругваецот Пабло Куевас

Продажбата ќе почне на 1 септември (петок) и ќе биде поделена во два дела. До 10 септември ќе може да се набават блок влезници што по тој датум ќе биде невозможно да се купат сезонски пакети туку само за поединечен меч.. Првиот на „Телеком арена“ е на 14 септември против Зенит, на 19 октомври ќе гостува Реал Сосиедад, а на 7 декември и Розенборг

„Фуријата“ има застрашувачки тим со шест НБА играчи и важи за апсолутен фаворит за златото. Дилеми има многу и се однесуваат на можностите на Србија, на Франција, на Германија, на Италија по многу откажувања како последица на пензионирања или повреди. Од сенка ќе демне и Турција и Израел кои полагаат големи надежи во своите состави