Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во кошарка: Финска ја шокира Франција, Литванија загуби од Грузија

0
By Нова ТВ on September 1, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 1, 2017 01:13

Финска важеше за потенцијална „нагазна мина“ пред 40. Европско првенство во кошарка, а таквиот статус го потврди уште на стартот. Домаќинот на групата А во првото коло ја совлада Франција со 86:84, по продолженија, по нерешените 72:72 во основните 40 минути во Хелсинки.

Победничкиот кош за Финците го постигна Џамар Вилсон, екс играч на белградски Партизан, на 26 секунди до крајот на средбата што ја заврши со вкупно 12 поена и шест асистенции. Лидери во скандинавската селекција беа Лаури Марканен со 22 коша, по 14 уфрлија Салин и Коти. Најефикасен на теренот беше Еван Фурние со 25 поени, Нандо де Коло постигна 21 и запиша шест додавања, но не успеа да погоди и тројка за победа во последните моменти.

Грција ја забележа најубедливата победа во првиот натпреварувачки ден. Двократниот европски првак го „прегази“ Исланд со 90:61, а Словенија беше подобра од Полска со 90:81 во уводниот меч на шампионатот.

Грузијците го слават Шенгелија, Италија го запре Израел на 48 поени

Изненадување и во групата Б во Тел Авив во која Грузија ја совлада Литванија со 79:77 (по четвртини – 18:18, 16:21, 25:18, 20:20). Најголеми заслуги притоа имаше Тока Шенгелија кој постигна 29 поени, Санадзе учествуваше со 13 коша додека Диксон вгради 12 во големиот триумф на Грузијците. Кузмунскас со 18 коша и Калниетис со 15 се издвоија кај поразената селекција.

Италија му одржа час по игра во дефанзива на Израел. „Азурите“ го поразија домаќинот на групата Б со 69:48 (по четвртини – 21:15, 15:17, 15:9, 18:7). Германија, пак, на погон на Денис Шредер ја совлада Украина со 75:63.

ЕП во кошарка – Финска, Израел, Романија, Турција

Група А (Хелсинки), 1 коло

Франција – Финска 84:86 по продолженија

Исланд – Грција 61:90

Словенија – Полска 90:81

Група Б (Тел Авив), 1 коло

Италија – Израел 69:48

Литванија – Грузија 77:79

Германија – Украина 75:63

Денеска на ЕП 2017

Група Ц (Клуж), 1 коло

Унгарија – Хрватска (14 ч.)

Шпанија – Црна Гора (16,45 ч.)

Романија – Чешка (19,30 ч.)

Група Д (Истанбул), 1 коло

Белгија – В. Британија (13,15 ч.)

Србија – Летонија (16 ч.)

Турција – Русија (20 ч.)

ЕП 2017 кошарка Финска Џамар Вилсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.