Browsing: СПОРТ

Веста дека на списокот патници за Македонија се наоѓа и Португалецот наиде на задоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб. Во експедицијата на гигантот од Мадрид и синот на Зинедин Зидан, Лука кој ќе биде трет голман на „Телеком арена“

Победникот на „Вембли“ беше одлучен на пенали што се изведуваа по системот АББА (1-2-2-2-2-1), откако мечот во основните 90 минути заврши 1:1. „Топчиите“ на крајот беа подобри од белата точка со 4:1 и по 15 пат го освоија англискиот Суперкуп

Против Косово добро полувреме, против Естонија добра четвртина (првата како што потенцира самиот Давитков) за два пораза (68:72 и 76:80) и крајно лош впечаток. Шансите за минување во главната фаза на патот кон СП не се загубени, но само поради натпреварувачкиот формат. Евентуален пласман во главната квалификациска фаза нема да го поправи впечатокот од лош во добар бидејќи ситуација не е нималку ветувачка на играчки план

Веста ја потврди Дамир Мишковиќ, претседател на клубот од „Рујевица“. Македонскиот фудбалски репрезентативец го напушта хрватскиот првак и, според најавите, за ден-два се очекува и официјално да биде промовиран во португалскиот гигант

Ѕвездата на мадридски Реал и на португалската репрезентација се бранеше дека не сторил никакво кривично дело и притоа беше духовит кон судијката Моника Гомез Фереира изнесувајќи и детали од приватниот живот. Тој се сомничи за затајување на данок и оштетување на шпанската државна каса за 14,7 милиони евра

Двата бода вечерва се единствена опција за составот на Јорданчо Давитков за поправање на впечатокот по стартниот пораз во циклусот од Косово. Мечот во „ВИП арена“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“ почнува во 20,30 часот