Browsing: СПОРТ

Иако во текот на целиот меч беше во водство, во последниот период влезе и со плус 14 (71:57), но македонскиот шампион на крајот подобар од Мега Лекс за половина кош (75:74). Чанчар не погоди за два поена и победа во последнниот напад на гостите од Сремска Митровица

Повозрасната од сестрите истакна дека е горда на себе што воопшто стигнала до финале во Мелбурн и дека горда на Серена која ја освои 23 гренслем титула, седма на Австралија опен, што значи и враќање на првото место на ВТА листата

Хорват не реализира седмерец во 60 минута за победа на Хрватите и резултатот остана 22:22. Норвешка славеше со 28:25 по продолженија за место во големото финале во недела (17,30 ч.). „Коцкестите“ против Словенија за бронзениот медал (сабота, 20,45 ч.)

Женското финале на Австралија опен носи деветта пресметка на американските сестри чие ривалство трае две децении и важи за евергрин во тенисот. Двете имаат вкупно 29 гренслем трофеи во сингл. Мечот е утре во 09,30 ч.

„Триколорите“ во полуфиналето ја совладаа Словенија со 31:25 и титулата од Катар ќе ја бранат во недела со победникот од утрешното второ полуфинале меѓу Хрватска и Норвешка